Заев: Моето негодување за случајот Рашковски покажа дека политиката и премиерот не диктираат што да работи судството

Од:

Моето негодување за овој предмет кон Јавното обвинителство ја испраќа конечната потврда која нашиот народ ја чекаше – дека не диктира премиерот, не диктира политиката што треба да работи судствотото или обвинителството. Сум се согласувал со стотици предмети, со два, четири, шест предмети имам право да не се согласам. Но, секако, и да не се согласам ако пресудите се донесат и се конечни, може да не се согласувам, но сум должен да ги почитувам, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање околу неговата реакција за случајот Рашковски.

Борбата за слобода во која сум учествувал заедно со многу граѓани, денес ја живееме и таа ни дава право, подвлече Заев, секој да искоментира како што мисли.

Тој уште еднаш повтори дека законите мора да важат за сите.

-Нема да купам ништо што е многу сакпо и што нема да ми треба. Софтверот во Франција е платен 6,5 милиони евра. Истиот софтвер, за истата намена – скенира таблички, лик, очи,… Апсолутно, тоа се случувало во Владата, јас не можам да се оградувам кога сакам и како сакам, по мое сопствено убедување. Никој не е изземен од законот, како што и никој не е виновен додека не му се докаже вината. Но, да создатете постапка во која учествуваат пет компании, имате компетитивност, натпревар со лицитација, од осум милиони паѓа на 5,1 милион, софтверот е завршен, истестиран и Владата има целосно право да го направи за сопствени потреби. Ако донсеме одлука како Влада, можеме да го наметнеме на која било од институциите што им треба. Имаме донесено одлуки согласно Законот и Планот за јавни набавки, пари предвидени во буџетот за таа намена и апсолутно е нешто што е потребно за државата. Немам никаква намера да влијаам на процесите. Само го кажувам својот став и многу често прашан од новинарите, не сам да го наметнувам, но ако во моментов ги потиснам моите чувства, тогаш не сум човек, истакна премиерот.

Ги кажувам чувствата како тогаш за Јанакиески и Јанкулоска, зашто сум против притворот како казна, а бев и во суд, како сведок за 27 април, а таму беше токму обвинителката Русковска, дополни Заев.

-Должен сум да ги охрабрам граѓаните да го кажат тоа што го мислат, но секако, институциите, одлуките и законите сите мора да ги почитуваме. Тука нема дилема, подвлече Заев и додаде дека Здружението на новинари го обвинило зашто искоментирал дека во истражувачка сторија мора да ја има и втората страна, рече премиерот, одговорајќи на новинарско прашање по отворањето на првиот нациоанле Стартап самит.

Би можело да ве интересира

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски

Рашковски: Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација

Горан Наумовски

Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14 март

Ана Ололовска

Вештак од областа на информатички технологии сведочеше за „Софтвери“

Ана Ололовска