(ВИДЕО) Заев: Мијалков избега и мораше да се пријави затоа што стиснавме на блиските и имотот

Од:

„Правдата е обезбедена и ќе има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да си игра со правдата. Во изминатите 40 часа презедовме редовни и вонредни мерки, со акцијата координирав јас и Сашо Мијалков немаше друга опција освен да се појави. Беа елиминирани сите можности да ја напушти државата. Беа избегнати и нови потенцијални ризици, изјави премиерот Зоран Заев на прес конференција во врска со враќањето со Мијалков.

„Обвинителството и судот, односно неговото пријавување не треба да се смета за олеснителна околност, не треба да се заборави дека Мијалков прво избега. Тој се организираше да се јави во јавното обвинителство, зошто потрагата траеше, затворени излезите од Скопје и граничните премини. За организирање и помагање се одговара исто, паднаа наредби за спроведување на заплена на имот. На Мериот жолти ленти ќе стававме. Се знаеше каде биле членовите на семејството во време на бегството. Сите имоти на неговото семејство можеа да постапат органите. Денеска чукнавме на маса. Институциите не го најдоа Сашо Мијалков, туку сам се пријави зашто нападнаа на блиските и имотот,“ рече премиерот.

„Еден човек ако сака може да и се крие на полицијата, но семејството ризикува, имотот е во ризик, нека се замисли како ќе постапува. Мојата беше температура 40 степени, не на Сашо Мијалков. Приказни за мали деца“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков

Фирма на Мијалкови должи два милиони евра за ДДВ: УЈП ги објави најголемите должници

Орце Костов