Заев: Мечкин Камен да биде темелник на помирување, заедништво и разбирање

Од:

Химната и Републиката се заедничкото на Илинденците од двата Илиндена. Хероите од нашата химна, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, како и оние од НОБ, опеани во партизанските песни, се бореа за Републиката. И првите Илинденци и вторите, се бореа за иднината, а не за минатото, затоа и ние денеска, сите заедно, сме деца на Илинден, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на Мечкин Камен по повод 2-ри Август.

Како што рече Заев, првиот Илинден е симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, а вториот на победата над фашизмот. Затоа, Мечкин Камен не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање.

-Не треба да чекаме повеќе, време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ, истакна Заев.

Продолжуваме, рече, да го негуваме концептот на едно општество и на заедништво, како наследство од Манифестот кое ги повикува соседите и пријателите на подобрар живот.

-Продлжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми, …., сметаме дека е патриотска должност да се обединиме и помириме внатре, порача Заев.

Пред неговото обраќање на Мечкин Камен беше интонирана државната химна, во изведба на оперскиот пејач Влатко Груевски.

На чествувањето присуствуваат и амбасадори и други високи меѓународни претставници, воени аташеа, претставници на политички партии, претставници од Мисијата на НАТО, граѓани, гости од речиси сите градови на државата.

По повод 116 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република утрово бројни делегации положија цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево. Цвеќе положија делегација од Кабинетот на претседателот на државата, делегација од Собранието, како и од Владата, делегација од Општина Крушево предводена од градоначалникот, делегација од Сојузот на борците на Македонија. Почит беше оддаден и пред споменикот на загинатите Илинденци кај месноста Слива над Крушево.

Се одржа и панихида за загинатите Илинденци во црквата Свети Никола во центарот на Крушево.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски