Заев-Маркуш: Словачка останува посветен партнер во интеграцискиот процес на С. Македонија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш.

На средбата беше разговарано на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, извесното членство во НАТО, спроведувањето на реформите, актуелната политичка ситуација во земјата и работата на техничката Влада која е задолжена за организирање на предвремените избори во април.

– Нашата држава има одлична соработка со Република Словачка и таа ќе продолжи и во иднина. Особено ни е драго за огромната поддршка која ни ја дава во насока на интегративниот процес на земјава во Европската унија. – истакна претседателот Заев на средбата со словачкиот амбасадор Маркуш.

Тој посочи дека очекувањата и позитивниот сигнал кој пристига од европските земји членки , вклучително и од Франција, односно од претседателот Макрон се дека земјава нема пречки да биде дел од ЕУ , но се чека на подготовка на новата методологија која ќе значи подобрување на самиот процес на пристап на земјите во неа. А веќе во месец Март очекуваме да заврши и процесот на ратификација на членството во НАТО сојузот и од страна на Шпанија. Република Северна Македонија седнува на столчето во НАТО сојузот како 30 земја членка.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи и дека за нас како држава е добро да дадеме дополнителни аргументи пред ЕУ преку усвојување на Законот за јавно обвинителство. Многу е значајно, Законот да влезе во Собранието и да биде усвоен. Затоа што Законот за јавно обвинителство е важен за правосудството, за државата и за граѓаните.- порача претседателот Заев.

Во однос на функционирањето на техничката Влада, Заев истакна дека таа функционира одлично, но и посочи на значајноста на продолжување на започнатите економски процеси во државата.

Мошне значајна е целосна трансформација на општеството, департизација на администрацијата и формирање на парламент кој ќе ги вклучува сите партии, без разлика и на тие кои што ќе изгубат на изборите.-истакна претседателот Заев.

Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, од своја страна ја истакна големата поддршка на Република Словачка кон нашата земја како на политички така и на економски план. Истовремено истакна дека земјава заслужува да биде дел од ЕУ, но и важноста на добивањето на датум за преговори со ЕУ, кои не смеат повеќе да се одложуваат,односно новата методолигија да не биде изговор.

На средбата двете страни заемно се согласија дека развивањето на економските можности и зајакнување на економската соработка преку инвестиции се во интерес на двете држави.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески