Заев: Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ

Од:

Премиерот Зоран Заев, прашан дали со неговата вчерашната изјава за Радио Слободна Европа остава простор за дополнителни преговори со можност за промена на Уставот со цел промена на уставното име, одговори „не“ и објасни дека доколку рекол такво нешто, го кажал дека Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и секоја земја членка.

– Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и секоја земја членка, која пред влегувањето во ЕУ го прави тоа и дел од својот суверенитет го предава на Унијата. Ако се работи за дополнителни гаранции или нешто што е важно за граѓаните на Грција, кои се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност. Јас сум човек кој ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање на решение, знаејќи дека може да се постигне решение ако институциите во Грција гласаат и институциите во Република Македонија гласаат за тоа решение, рече Заев по денешното рочиште за „Поткуп“, одговорајќи на новинарски прашања.

Посочи дека од тој аспект на крајот се работи за одлуки на институциите и не се работи за одлука на Заев и Димитров или одлука на Ципрас и Коѕијас.

– Веројатно сум ги кажувал можните варијанти на она што е можно да се случува во иднина се со конечна желба да се најде решение, но притоа да се одржи достоинството и идентитетот да се сочува, рече Заев.

Прашан како ги коментира заканите од „Тврдокорни“ кон него, Заев рече дека низ годините се научил на закани што доаѓале и вербално и практично.

– Веројатно отрпнавме на овие работи. Јас само апелирам, ако заканите се со извесна веројатност дека може да се реализираат, органите на државата да си ја вршат својата работа. Без разлика дали тоа се работи за мене или за било кој граѓанин на Република Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници