(ВИДЕО) Заев: Лицата во самоизолација ќе гласаат со болните и изнемоштените, а се размислува и за здравствени избирачки одбори

Од:

Нема можност за трета лидерска средба, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но има уште два дена до истекот на вонредната состојба за да се направат евентуални промени во Изборниот законик. Тој објасни дека со здравствените протоколи е предвидено лицата во самоизолација да гласаат заедно со болните и изнемоштените лица, ден пред изборите, а избирачките тимови да ги посетуваат дома. Во однос на заболените од коронавирус, Заев кажа дека се размислува да се состават здравствени избирачки одбори кои би ги посетиле инфицираните дома или во болница.

?[ВО ЖИВО:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев

?[ВО ЖИВО:] Прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев

Posted by Zoran Zaev on Петок, 12 јуни 2020

„Овој пат според здравствените протоколи кои се работат и се предадени од МЗ на ДИК, работи и ИФЕС кој работи често на изборите за здравствените протоколи и по нив е предвидено проширувањето на протоколите на болните и изнемоштени лица кои што гласаат во саботите. Во такви околности тоа значи дека покрај редовно пријавените болни изнемоштени луѓе таа листа би се проширила со луѓето кои се во самоизолација. Јас би апелирал, тоа одлука на ДИК или на Комисијата за заразни болести, листата да се прошири со хронично болните луѓе, бидејќи не мора да ризикуваме кога тимови на избирачкиот одбор да ги посетат дома. Би препорачал и знам дека се размислува за тоа да има здравствени избирачки одбори. По градовите секаде имаме болници каде би имало избирачки одбори составени од здравствени работници кои би ги посетиле позитивните на коронавирусот, односно луѓе кои се дома или во болници, доколку одлучат да го искористат правото на глас“, рече Заев.

За измени на Изборниот законик, лидерот на СДСМ кажа дека е потребен консензус, па оттука, останува неизвесно дали ќе биде продолжено времето на гласање, но и, дали болните и изнемоштени, како и лицата во самоизолација, ќе гласаат два дена ред избори, како и продолжување на изборниот молк.

„Една од причините зошто политичките партии кога постоеше канал за комуникација, имав прилика да разговарам со Мицкоски и другите политички партии. Генерално сите беа позитивни за среда да бидат изборите. Тоа е затоа што е неработен ден, може да се продолжи гласањето до 21 часот, летен период е, можеме слободно плус два часа, би ги платиле повеќе членовите на избирачките одбори и би имале повеќе работно време во текот на избирачкиот ден. Молкот би траел два дена во таков случај, би им дале можност на болните и изнемоштени со проширени листи да гласаат. Но тоа во случај ако се постигне договор меѓу политичките партии за кој што, за жал гледам дека уште го нема, затоа што промената на изборниот закон и недела да се направи среда за гласање, а сабота да се направи понеделник и вторник за болни изнемоштени, не треба Владата сама да прави промени во такви делови на Изборниот законик, затоа што за вакви работи се постигал консензус. Ова може да се случи со консензус. Доколку нема, недела останува изборниот ден“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он