Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив“

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со Спасе Додевски – координатор со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Христијан Стојанов, Вера Апостоловска и Кристијан Лазарев, претставници на лицата со попреченост преку видео запис го одбележаa 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Премиерот Заев истакна дека е горд за силното темпо и огромните чекори кои се направени во претходниот мандат и за одржувањето на континуитетот во спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во сите области на социјалниот живот, во здравството, образованието и социјалната заштита.

-Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост. Го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 % од просечна плата. Секогаш ќе бидеме со овие наши сограѓани рамо до рамо и секогаш ќе бидат директно вклучени во процесите кои се за нив, според принципот „ништо за нив – без нив“, подвлече премиерот Заев и заклучи дека продолжува да се спроведуваат активности за подигање на свеста за потребите на лицата со попреченост.

Националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Додевски истакна дека мерките и обврските кои произлегуваат од Конвенцијата се патоказ кон стимулативно рамноправно општество.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Велешанката со инвалидитет која плати казна за паркирање на место за инвалиди: Добив извинување, ама ќе се жалам

Орце Костов

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он