Заев: Кои сме јас и Мицкоски да разговараме за избор на обвинители?

Од:

„Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога во Македонија има Совет на јавни обвинители и таму е изборот на оваа обвинителска власт“, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали смее политичките партии да разговараат за избор на обвинители.

Заев рече дека разговорите со опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кои треба да се осигура иднината на специјалното јавно обвинителство не е пазарење за криминал. Тој рече дека единственото што го знае од ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е дека не му се допаѓа Катица Јанева и актуелниот тим на СЈО.

Ако опозицијата одлучи да не гласа за овој закон, кој треба да биде донесен со двотретинско мнозинство, тогаш ќе се продолжи со постојните закони, рече Заев. Заев сведочеше на судско рочиште каде се јавува како оштетен поради закани упатени на „Фесјбук“ од 2016 година.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам годишна инфлација околу 3 отсто

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение

Мицкоски: Отворени сме за разговори за нов општ колективен договор