Заев: Коалиција е создадена на здрави програми и основи и постигна сериозни успеси

Од:

Самата коалиција е создадена на здрави програми и основи и постигна сериозни успеси. Ние решивме меѓународни прашања, ја интегриравме земјата, направивме серозни домашни реформи и економски успеси, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашања по учеството на НАТО Караванот и дебата со студенти од УКИМ на тема: „Патот до членството во НАТО: од изолирана до интегрирана земја“.

Додаде дека во целиот овој две и полгодишен период на постоење на оваа коалиција имаше и различни работи што се случуваа.

-Можам да кажам дека за голем дел од прашањата или за најголем дел од прашањата градиме заеднички политики и заедно гласаме. За еден дел од прашањата гледате дека и во самиот состав на коалицијата на СДСМ од 2016 година без ДУИ, онаа што беше иницијалната коалиција имаме понекогаш различности по одредени прашања, истакна премиерот.

Посочи дека директорот на Државниот ревизор заедно го утврдиле, но еве, како што додаде, во последен момент помина во некаков вид на договарање или што и да се случи само албанското име од кандидатите за Судски совет, а македонското име не помина. – Не знам зошто тоа. Јас не ги знам ни кои се кандидатите, Парламентот распишува конкурс, но и за одредени други работи доаѓаат сигнали што ние ги анализираме и ќе провериме што во суштината се случува, рече Заев.

Тој посочи дека на ниво на Влада функционираат, информирајќи дека денеска е утврден Буџетот и е вратен во Собранието.

-Заедно ги утврдивме предлозите до претседателот на државата на затворена седница за 21 амбасадор и тие ќе бидат денеска доставени. Едногласно беа донесени одлуките. Не зборувам само за ДУИ, туку за сите партии кои партиципираат во Владата. Но веројатно изборите си прават свои, така да ги кажам, себични стојалишта на политичките субјекти во делот на нивното позиционирање пред самите гласачи. Секој го има тоа право. Јас додека функционира коалицијата, сакам да функционира, да опстои и да си ја заврши работата до самиот крај, а правото на определба на секој политички субјект како ќе се постави тоа е негово право. На крајот на денот нели рековме на изборите граѓаните ни укажуваат што тие очекуваат за иднината на државата и преку кои личности, политички субјекти тоа го очекуваат. Како ќе ги дефинираат своите гласови на самите изборни процеси односно зависно кој ќе победи на самите избори така ќе се градат и коалициите, изјави Заев.

Многу често, како што нагласи премиерот, не значи дека само победниците можат да формираат влади заради тоа што ако се програмски различни, ако се навистина раскарани имаат проблем, тогаш не може да успеат во коалиции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов