(ВИДЕО) Заев: Ќе се обидеме да најдеме начин за помирување низ собраниските тела

Од:

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција по гласањето во Собранието за пристапување кон уставни измени.

– Денес со двотретинско мнозинство зачекоривме кон западните сојузи. Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО. Со оваа историска одлука нашиот пристап во НАТО ќе продолжи и догодина ќе почне процесот за ЕУ, рече Заев и се заблагодари на сите пратеници, особено на тие од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што, како што рече, се ставиле над партиските интереси и покрај притисокот од раководството.

Како што кажа премиерот, граѓаните се горди на ваквото Собрание.

– Бидете сигурни дека како премиер останувам на зборот да ја гарантирам безбедноста. Ја изградивме државотворната коалција. Заедно ќе ги усогласиме амандманите и заедно ќе работиме на национално обединување, рече Заев.

Тој ги повика и пратениците кои денес гласаа против дека вратите се отворени за да се приклучат.

– Водевме транспарентен процес, водевме грижа за пријатна атмосфера. Убеден сум дека ќе се приклучат повеќе од 25 пратеници. Следниот чекор ќе го направиме во поголем број, рече Заев и додаде дека за него сите пратеници се исти и оти никој не е виновен додека не се докаже вина.

– Пораката за помирување охрабри, рече Заев и додаде дека низ работни групи ќе се обиделе да најдат начин за помирување низ собраниските тела.

Како што кажа Заев, имало и други пратеници кои дале поддршка, но вечерва не гласале „За“ и рече оти се надева дека процесот ќе се заврши со поддршка од сите 120 пратеници.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба