Заев: Ќе победиме во оваа битка оти Македонија е во прашање

Од:

„Ќе победиме во оваа битка оти Македонија е во прашање“, порача потпретседателот на СДСМ Зоран Заев од протестниот марш што синоќа се одржа во Кавадарци.

– Ви ветувам од овде, од центарот на оваа наша убава земја, од Кавадарци кој е симболот на нашиот ресурс, македонското земјоделие, дека имаме вредна цел исправена пред нас, секогаш оние кои веруваат во својата цел, а почнуваат малку по малку и растат на број, сигурно на крајот победуваат.

– Ќе победиме во оваа битка оти Македонија е во прашање. Ако неа ја изгубиме, сме изгубиле се што имаме. Затоа да знае цела Македонија, цврсти и единствени сме сите во целиот Сојуз на иднината на Македонија, водени од цел – водилка, Република Македонија. Таа е нашата цел и ќе ја оствариме, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Протест „Ниту една повеќе“: Политичари, судии, полицајци, насилници, парољупци – додека не ја добиеме правдата, мир за вас ќе нема!

А1он

Протест „Ниту една повеќе“ во Скопје: Македонија одамна не е добар родител на своите деца!

А1он

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

„Ниту една повеќе“: Граѓаните бараат крај на насилството врз жените

Горан Наумовски

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он