Заев: Кинеските вакцини ќе стигнат до крајот на февруари

Од:

До крајот на следната седмица премиерот Зоран Заев очекува да стигнат договорените 200.000 дози од кинеските вакцини. Тој уверува дека вакцинирањето, кое ќе почне в среда со вакцините што ни ги отстапи Србија, нема да прекинува оти додека се потрошат српските количини премиерот Заев очекува да стигнат и кинеските вакцини.

„Кинеската вакцина е во постапка на договарање. Ветувањето е дека ќе стигне до крајот на февруари, но секој ден порано за нас е важен. Додека се имплементираат 4680 вакцини од Србија, а верувам дека ќе се реализираат и останатите до 8000 согласно трипартитниот договор меѓу нас, Република Србија и ’Фајзер’, ќе стигнат и кинеските вакцини за процесот континуирано да тече. Ги очекуваме од крајот на оваа седмица до крајот на следната седмица кога и крајот на месецот“, рече денес премиерот Заев.

Првата најава од премиерот Заев за кинеските вакцини беше дека тие ќе стигнат меѓу 10 и 15 февруари, а потоа почна да го пролонгира рокот за ниво пристигнување. Договорот за набавка на кинеските вакцини министерот за здравство Венко Филипче го потпиша минатиот понеделник. Тој не кажа колку пари е кинеската вакцина оти договорот го обврзувал на тајност.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски