(ВИДЕО) Заев: Јанкулоска мести избори и се исмејува со гласачите од Пустец

Од:

Никола Груевски ги краде изборите, со фалсификат изборни циклуси се одржува на власт, употребува неуставни и незаконски механизми за контрола на гласачкото тело. Од скандалозните јасни докази се гледа како оваа група на власт ги мести и краде изборите во република Македонија, посочи на денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Според Заев, власта издавала фалсификат лични документи, притисоци, ги злоуптребувалa пензионерите, ги злоупотребувалa институциите кои работеле како изборни штабови на ВМРО-ДПМНЕ, вршеле нечовечките притисоци и закани за завршување на семејства во ендек.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Кирил Божиновски

КБ: Освен во случај ако не, ова им е една фаза од приказната, знаеш. Ама, не верувам, пошто тоа би значело дека ќе имаат докази. Па сега да кажат една вест, утре уште една, па задутре да извадат нешто, знаеш. Ама они шо може да извадат, што викаш, ова е затворено од пред 20 дена.

ГЈ: Абре Избирачкиот список е затворен.

КБ: Не знам дали се печати сега нешто во меѓувреме. Ова картиве сите се испечатени.

ГЈ: Види, знаеш….Да, да, да.

КБ: Колку што знам.

ГЈ: Тие им се испечатени, луѓево си ги имаат. Има една ризична работа, ама таа ја знаевме ние и затоа инсистиравме да дадат повеќе адреси комитетиве. Како што знаеш, имаме по 50 души у стан од 40 квадрати. Е сега, тоа е.

КБ: Добро, ама тоа е. Они може да го видат сега тоа како адреса?

ГЈ: Може, тоа го пишува во избирачки список.

КБ: Аха.

ГЈ: Зашо, нели пишува адреса Кирил Божиновски, таа и таа адреса, број тој и тој.

КБ: Да, да, да. Е тоа може, да.

ГЈ: Ама, тоа е. Ние го знаевме. Ти знаеш и кога бевме кај премиерот, јас инсистирав да дадат kомитетиве адреси, ама kомитетиве не даваа.

КБ: Да, да, добро. Дадоа и поише, ама нема врска бе, нема врска. Мислам дека…

ГЈ: Тоа е сеа.

КБ: Како да ти објаснам, тоа е тоа. Ок.

ГЈ: Ок, ајде поздрав. Чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

МЈ: Кире, овие што се од Гази Баба, од Свети Николе?

С: Е?

МЈ: Тие се на една адреса или на многу?

С: Не, распоредени се.

МЈ: Ама, дали има на една адреса 10-15 души?

С: Од нив? Да. Се повторуваат, да. Се повторуваат, сите се повторуваат, се вртат во круг.

Јанкуловска со соговорник:

С: Ало

ГЈ: Еј Вики, кажи.

С: Набрзински. Значи, вака стои ситуацијата. Проверките се негативни, знаете. Значи, со оглед на тоа што ги пријавиле 42 во една куќа, 44 во друга куќа и тоа во села со жители од 40 вкупно гласачи. 44 на една куќа ги ставаат, негде 19, негде 22, негде 42. И сега, единствено што може да се направи, а од друга страна се плашиме, нели све излезе по медиуми. Таа е раководител на управни служби, била комуњарка. И сега единствено зборев со Наде, може да побараме ние уште еднаш да пуштиме проверки демек да се обрата управните служби уште еднаш проверете овие лица дали се на наведените адреси.

ГЈ: Да де, да.

С: Нели по реакција на барателот.

ГЈ: Да.

С: Меѓутоа, не знам пак, да речеме од 44, барем 10 да ги направиме позитивно.

ГЈ: Е, така. Тоа сакав да ти кажам. Значи, ако ептен не може сите 40.

С: Значи, не е ептен, боде очи.

ГЈ: Да не е апла, али барем пола да бидат.

С: Барем нешто да направиме. Од нешто на нешто.

ГЈ: Да де, да.

С: Затоа што сега сме под опсервација и многу се плашам пак да нé активираат ОБСЕ, мобсе па да не лаат…

ГЈ: Така, така. Ама, јас затоа и вршам притисок да го направиме побрзо, пошто со секој поминат ден, притисокот е поголем и ако не може сé, јас затоа уште пред 3 месеци ги притискам. Значи, со секој поминат ден, поголем е притисокот. Ако не може сé барем делумно да се заврши работата.

С: Барем делумно.

ГЈ: Утре да имаме чиста ситуација, да знаеме. Ако се 200, 200, ако се 10, 10, ако се 500, 500, знаеш.

С: Значи, сега вака. Ќе побараме за сите нови проверки.

ГЈ: Да.

С: Онаму кај што ќе можат, кај што ќе изменаџира Менде со наши полицајци.

ГЈ: Е така.

С: Многу е битно наши, никој да не…

ГЈ: Ептен наши.

С: Колку што можеме ќе дадеме позитивни.

ГЈ: Таму Ѓоко е, заинтересиран е. За него се работи.

С: Да. Сите други ќе ги врачиме негативни решенија.

ГЈ: Да де да.

С: Ќе им кажеме на луѓево. Внесете наново барање, ќе се изменаџираме поубаво со адреси. Ако стигнеме за втор круг на изборите ќе дополниме колку што можеме. Ако не, за наредни други избори.

ГЈ: Така е.

С: Сега треба да бидеме внимателни затоа што сме под опсервација.

ГЈ: Се сложувам Вики. Значи, не може веќе во село кадешто има 5 жители, 40 нови.

С: Да, и после викаат координаторите не изменаџирале на локално ниво убаво работата и сега полицијата е крива.

ГЈ: Не, значи колку што може, толку. Да гледаме да може повеќе.

С: И со памет.

ГЈ: Ама, со усул.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Ало.

НГ: Миле, како е?

МЈ: Капиштец има две избирачки места, водиме. Вака сега, на 23 избирачки места обработени.

НГ: Да.

МЈ: А, необработени 43, водиме за 140. Мешано. Значи, само тие кај што… По мое, ќе биде плус минус 600 гласа и можно е да има втор круг оти во просек, општина Центар имала неважечки ливчиња, околу 1000-1500…

НГ: Аха, аха. Значи, да ни беа овие преспанциве, ќе завршевме работа?

МЈ: Да.

НГ: Е да. Ок, Миле, ајде. Јавувај ти од време на време, каков е резултатот.

МЈ: Важи, важи.

НГ: Ајде.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер

ГЈ: Медрано.

МП: Значи, циркус, а?

ГЈ: Вика, Ристе го пуштивме да ни кажува од лице место. Една од СДС се држи за радијатор и ме гребе, и оваа се мава од радијатор. Човечињава идат и гласаат и ќутат. И климаат со глава. Тој еден луд џандар и вика, госпоѓо отстапи….Лудница. Ама знаеш, таму е стварно лудница, ама си гласаат луѓево. хахаххаха

МП: Си гласаат луѓето непречено.

ГЈ: Мислам, ја многу би сакала да видам како изгледа оваа како се мавала од радијатори и му вика, Ристе тебе те знам, ќе видиш ти убаво.

МП: хахахаха

ГЈ: А, го знае и кај работи.

ЗС: Да, да, да.

ГЈ: Циркус, Медрано.

МП: Лудница, ама добро оди, добро оди.

ГЈ: Абе, луѓево, човечињава си гласаат. Ова е сé споредно шо ти кажувам. Сите будалетинки се пуштени таму на интервенција.

МП: Многу јако.

ГЈ: А, знаеш провокации, што ти не, ама битно човечињава за рака се држат, влегуваат и гласаат, патент на уста.

МП: хахахаха

ГЈ: Па ги снимале за рака кај што одат, па ги објавиле на Либертас или на незнам кој. Циркус е, циркус е, мислам, лудница. Ние, сега ќе организирам, у седум искачаме и викаме беше фер, демократски, мирно, нема пријави, освен овие за Струга ќе оставиме простор.

МП: Да, да, да, за Струга остави простор. Важи.

ГЈ: Другово, прогласуваме победа.

МП: Да, да, да, топ, топ, топ.

ГЈ: Ајде, чао.

МП: Чао.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски