(ВИДЕО) Заев: Јанакиески бара закани до учители во Центар да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговори за кои посочи дека се на министерот Миле Јанакиевски кој бара да се извршат притисоци за да време на гласањети за да се добијат гласови за ВМРО-ДПМНЕ.

Разговор на Миле Јанакиески и соговорник

НН: Ало.

МЈ: Кај си бе?

НН: Тетово сум на терен.

МЈ: Шо праши во Тетово бе?

НН: Еве у циганско маало сум, со Наташа и со Горан. Ти шо праши?

МЈ: Сакав ова….

НН: Чекај не можамд а те слушнам да се тргнам на страна. Ајде, кажи.

МЈ: Значи ми треба твоја поддршка во Могила и во Новаци.

НН: Да.

МЈ: Прво, твоиве директори да ги стегнат овие вработениве, многу има вработени.

НН: Шо да му напраи?

МЈ: Да клоца, да лобира и така натаму.

НН: Добро.

МЈ: Втора работа, се жалат на ова компанииве. Посебно таму една компанија, мислам дека беше Шкорпион. Има таква?

НН: Шкорпион? Да има.

МЈ: Оставиле од СДС од Новаци, само за тоа ми збореше.

НН: Ќе зборам Тута му е главен. Прашај ги, Тута им е главен на таа компанија? Така се вика.

МЈ: Можеш ли вака. Да те замолам едно попладне. Да ги земеш директориве од РЕК.

НН: Добро.

МЈ: И заедно со нив да одржиш проширен состанок, со Могила и Новаци, ќе му ги наполниш едрата до максимум.

НН: Готово бе, може, може.

Разговор на Миле Јанакиески и соговорник

МЈ: Ирена?

И: Да.

МЈ: Значи те молам, кај сите учителки завртете, кол центарот,

И: Добро

МЈ: Со следнава насока, ви благодариме што излеговте на гласање.

И: Слушам, слушам

МЈ: Ве молиме за конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Центар да обезбедите уште еден глас за ВМРО-ДПМНЕ.

И: Ок. Ок, сега, ај чао.

Разговор на Миле Јанакиески и соговорник

МЈ: Колку имаме вработено во наше време, во време на Тодоровиќ, во образование? Има многу?

НН: Во образование, па има. Нема многу.

МЈ: Колку?

НН: Па испод 100 не би требало да е.

МЈ: Да ги викниме да ги уплашиме малку дека ќе ги брка Жерновски?

НН: Ајде. Мада тие сите земаа решенија ги боли к..от. Ќе ги извадам…

МЈ: Ами од кајзнае…

НН: Ок. Ок. Ќе ги извадам.

МЈ: Треба многу јак притисок. Мислам имаше и минатиот пат ама на луѓето треба притисок огромен.

НН: Знам ја. Тие што се у општина што сме ги примиле, 2009-та, 2010-та, му стават на Фејсбук лајк на Жерновски. Шо праиш?

МЈ: Кои тие?

НН: Едни два-тројца. Им отидов вчера со метла им реков од другиот понеделник со метлава надвор ќе идете сите.

МЈ: Кои?

НН: Тука имаме некои што се вработени. И во финансии, ваму-тами. Што да ти кажам. Тука пола ми се комуњари. Мислам ај дел се затечени. Ама има пола ние што сме ги вработиле, што ти викам ставаат лајк на Жерновски. Што да ти кажам.

МЈ: А на….да ги фатиме.

НН: Не јас им запретив, само да не напраиме контра ефект. Јас им викам ако тепаме на улица ќе ве пратам да чистите, да метите, со циганите, и Сашо ќе ви биде шеф.

МЈ: И шо викаа?

НН: Ама зашто мене? Викам видов лајк. Ама не не, Фејсбукот ми го користи братучетка ми, ми го знае пасвордот, ваму-таму. Добро викам, да си знаете. Изгледа многу е скапо да си отвори свој Фејбук па твојот најде да го користи и викам на таа.

МЈ: Треба да му кажиме да гласа за нас. И да дадат потврда дека гласале за нас.

НН: Е како ќе дадат потврда?

МЈ: Со триаголниче речи му ќе гласаш, ќе ти го провериме ливчето, ако не гласаш ќе те избркаме од работа. Победуваме секако, тоа треба да биде муабетот.

НН: Да де да.

Разговор на Миле Јанакиески и Ирена Мишева

НН: Ало?

МЈ: Еј.

НН: Ви пуштивме сега ЈСП, ви пуштивме Градски паркинг комплет…

МЈ: На меил?

НН: Се му пуштаме ние на Игор, од кај тебе.

МЈ: На меил?

НН: Да.

МЈ: Игор до мене бе седи, до мене седи.

НН: Е така. ЈСП ви пуштивме, Градски паркинг е комплет, Водовод, Универзална сала ви е комплет пуштена, ДКЦ ви е комплет, Музеј на Град скопје комплет, средни училишта, Владо Тасевски, Браќа Миладоновци, Осми септември, Никола Карев, АСУД, Марија Кири Склодовска, Панче Арсовски,

МЈ: Каде е најслабо кажи ми, кажи ми.

НН: Еве Синиша ја работи улици и патишта, паркови е најслабо, таму мака мачиме и тами маваме поише. Ете ти кажувам. Така да, се слушаме пак.

МЈ: Ајде.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски