Заев ја промовираше изградбата на патот Банско-Моноспитово

Од:

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, денеска ја промовираше изградбата на локалниот патен правец меѓу селата Банско и Моноспитово, кој заеднички го градат општините Струмица и Босилово.

Делот кој се гради на територијата на општина Струмица е во должина од 897 метри и се финансира од средства од буџетот на општината во износ од седум милиони и осумдедесет и седум илјади денари, а 1 милион и 413 илјади денари се обезбедени од Бирото за регионален развој и 170 илјади денари се обезбедени од Центарот за регионален развој. Изградбата на патот на територијата на општина Босилово се финансира од Светска банка и дел од буџетот на општина Босилово.

-Јас сум денеска тука за да ја обелодениме реализицијата на овој многу значаен патен правец за граѓаните на двете општини, но верувам и пошироко како регионален пат, од проста причина што не сакам да се доведам во состојба повторно ваква категорија на пат да пушта Груевски, бидејќи тука се трошат 7 милиони и 87 илјади денари, исто колку што се потрошија за последниот патен правец и тоа се средства на граѓаните на општина Струмица. Овде имаме дел од Бирото за регионален развој, секако која што е државна институција. Но, во моменти кога не се спроведува законот за рамномерен регионален развој и кога сите вакви патишта треба да се финансираат според овој закон, општините се принудени да трошат огромни средства од своите локални буџети. Инаку, овој патен правец е многу значаен, бидејќи поврзува многу културно-историски споменици, многу природни убавини-тука се водопадите, топлите води и секако Моноспитовското блато и сето тоа со изградбата на овој пат претставува одлична можност за развој на туризмот, а секако и за подобра комуникација на граѓаните, рече градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица