Заев ја потпиша Конвенцијата на градоначалници во Брисел

Од:

Општина Струмица се приклучи кон Конвенцијата на градоначалници во Брисел, основана од Европската комисија, а со цел вклучување на локалните власти и граѓаните во развојот и имплементацијата на енергетската политика на Европската унија. Градоначалникот Зоран Заев денеска ја потпиша Конвенцијата врз основа на одлуката за прифаќање на членството на општина Струмица за приклучување кон Конвенцијата на градоначалници во Брисел што ја донесе Советот на општина Струмица.

Конвенцијата која од страна на Европската комисија е основана во 2008 година се состои од обврска на земјите и градовите потписнички да одат подалеку од целите на ЕУ за намалување на емисиите на јаглероден диоксид преку мерки за енергетска ефикасност и активности поврзани со обновливите извори на енергија и еколошки чистиот транспорт.

Со потпишувањето на Конвенцијата, општина Струмица се обврзува да изработи акционен план за одржлива енергија, да доставува извештај за спроведувањето најмалку на секои две години, во соработка со Европската комисија да организира денови на енергијата овозможувајќи им на грѓаните директно да ги користат можностите и предностите кои им ги нуди поразумното трошење на енергијата и активно да учествува во работата на годишната конференција на градоначалниците за одржлива енергија на Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите