Заев: Изјавите на Бојан Јовановски се неточни

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев не негира дека имал средби со Бојан Јовановски, кој е обвинет во случајот „Рекет“ во телевизијата кога гостувал, но како неточни ги оквалификува неговите изјави дека му кажал оти го следат странски служби и него и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

-Не сакам да коментирам такви изјави бидејќи се неточни. Секако секогаш со секој човек што сум се гледал сум апелирал на законско работење и тоа денеска го потврдувам. Јас не негирам дека сум имал средби со Бојан Јовансковски во телевизијата, како и сите други кога биле гости. Секогаш сме коментирале одредени сутуации, општествени, какви било, но ако некогаш сум искоментирал дека некој може да прави незаконско дејство или има индиции, нешто сум наслушнал, јас тоа секогаш сум го кажувал заради тоа што законите мора да важат еднакво за сите, рече Заев.

Јовановски на денешното рочиште рече дека на 3 април 2019 година Зоран Заев, му кажал дека него и Катица Јанева ги следат странски служби и оти не знае што ќе прави.

– Точно е дека сум бил симпатизер на СДСМ и дел од шарената револуција. На тој ден во мојата канцеларија ми беше соопштено дека странски обвинител има подготвено обвинение. Штета што не беше вештачен мојот телефон, да се види дека јас прв пријавувам кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал, изјави Јовановски.

На прес-конференцијата Заев, одговарајќи на новинарско прашање каде е директорот на ФЗО Ден Дончев кој поднесе оставка, рече дека тој е се уште на работа и ќе ја извршува функцијата додека не биде поставен нов директор.

-Секако за неговата оставка сум информиран уште од март заради тоа што има семејни и приватни причини, се работи за здравствени причини нормално, очекување беше дека на 12 април ќе заврши периодот на предизборие, ќе има избори и потао ќе се именуваат нови директори. Како што се продолжи кризата чекавме период да помине и сега ми е јасно зошто на одминување на кризата е поднесена оставката, рече лидерот на СДСМ.

Дополни дека на Дончев, покрај семејните и приватни причини, преку глава му било и од обвинувања, за кои, како што рече, дал објаснувања на поединечни прес-конференции.

Дончев, рече Заев, ќе биде тука и ако треба да одговори и на дополнителни прашања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев од Чаир: Ќе победиме и ќе го поразиме лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразиме и ДУИ

А1он

Заев: Секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници до 10 отсто

А1он

Заев од Росоман: Поголема поддршка за домашните компании, 600 милиони евра за економијата до 2024 година

А1он

Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата

А1он

Бојан Јовановски поднесува кривични пријави за најмалку 30 лица

Ана Ололовска

Бојан Јовановски во Обвинителството ќе продолжи со поднесување кривични пријави

Ана Ололовска