(ВИДЕО) Заев: Изборите се решение, а не проблем

Од:

Потребно е и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почетокот на летото, најмногу заради здравјето на луѓето. Затоа, нашата, мојата порака е: изборите се решение, а не проблем. Спроведувањето на изборите бара внимателност и одгoворност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Струмица, каде одржа работна средба со кандидатите за пратеници од Изборна единица 4.

Тој додаде дека изборите се потребни да се обезбедат целосно функционални институции, кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија. Затоа, изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и според состојбата со епидемијата. Повтори дека изборите треба да се одржат со сите мерки на заштита и без масовни настани.

-Северна Македонија мора подготвено и со сто проценти капацитет на инстутициите да го дочека септември. Да бидеме целосно подготвени за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и со очекуваниот нов бран на вирусот, подвлече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој истакна дека СДСМ сака избори на кои ќе учествува опозицијата.

-Ние имаме силен демократски капацитет и како досега ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови за изборниот процес, рече Заев.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија уште еднаш аплираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи тоа е единствниот начин да се спречат пикови на заразата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Лефков: Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана