(ВИДЕО) Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Од:

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса Алтернатива и со лидерот на ДУИ, Мендух Тачи да се откриваат имиња на кандидати кои би биле во игра, но за него е важно што голем дел од партиите дале зелено светло на идејата да се излезе со заеднички кандидат за претседател на Северна Македонија.

„Важно е концептот да биде поддржан, гледаме дека има расположение кај партиите, но и откако ќе се договориме за конкретен предлог, тие ќе треба да го пренесат тоа во партијата, повторно да разговараме дали е прифатлив предлогот или не. Ние имаме четири до шест кандидати кои според рејтинзите се фаворити за победа на изборите, но не сакаме да се истрчуваме со тоа кој е прв или втор. Има време, тоа ќе го дознаете идната недела”, рече Заев.

На прашањето дали за СДСМ би бил прифатлив кандидат кој не доаѓа од нивната партија, тој вели: ,,Ако некој има желба или амбиција да се кандидира, ние тоа го почитуваме и ако има и заеднички договор, зошто да не”.

Заев утре ќе се сретне со Алијанса за Албанците на Зијадин Села и со Биљал Касами од Беса и очекува поддршка од нив, иако се опозициски партии.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“