ВИДЕО: Заев и министрите ќе го посетат претседателот Пендаровски

Од:

Првата активност во агендата на новата Влада ќе биде средба со претседателот Стево Пендаровски, најави премиерот Зоран Заев.

Веќе од среда, тој ќе има средби со стопанските комори.

На прес конференцијата веднаш по гласањето на Владата, Заев најави дека ќе ги намали советниците во својот кабинет.

Одговарајќи на новинарско прашање за состојбата на буџетот, Заев рече дека државата располага со доволни резерви и граѓаните не треба да бидат загрижени.

Во пресрет на новиот бран од пандемијата со Ковид-19 кој се очекува оваа есен, Заев изјави дека нема да има нови рестрикции и полициски час, но ги повика граѓаните повеќе да внимаваат на одржувањето на потребното растојание и носење на маските.

На прес конференцијата се обрати и заменикот претседател на Владата, Артан Груби, кој зборуваше на македонски и албански јазик.

Тој се заблагодари на гласачите и на Господ, а најави владеење на правдата и правото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана