Заев и Мицкоски не се договориле за датум за избори, но ќе продолжат со разговори

Од:

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека вечерва не е постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.

„На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции. На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори“, пишува во соопштението по средбата.

Заев и Мицкоски се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.

„Не успеавме да постигнеме договор. Во интерес на тоа што оставивме можност секако во текот на утрешниот ден доколку една од страните заклучи дека треба да се слушнеме – ќе се слушнеме. Остануваме на соопштението. Нема да дадеме дополнителни коментари во делот на изјавата, ниту да даваме одговор на прашањата. Тоа е усогласен став со претседателот на државата Пендаровски и со Мицкоски“, изјави Заев по средбата.

Слична изјава даде и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Во интересот на процесот, во интерес на сложеноста на целата ситуација донесовме заеднички заклучок претседателот преку соопштение ја информира јавноста за тоа што денеска се зборуваше и деновите коишто следат, што се пред нас, ќе имате дополнителни информации за тоа како ќе се развиваат настаните. Она што е важно е дека до овој момент се уште нема договор“, изјави Мицкоски.

На покана на претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Христијан Мицкоски спие мирно?

Горан Наумовски

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот