А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев и Ципрас: Да го искористиме интересот на големите сили за регионот

by А1он02/04/2019 - 14:2702/04/2019 - 15:11367
Share0

Двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев се согласија дека треба да се искористи интересот на големите сили за регионот и дека е добредојден, но се додека се почитуваат суверените права на државите, порачаа двајвата на прашање поврзано со судирот на интересите на големите сили на Балканот. Заев и Ципрас потенцираа дека двете држави соработуваат и со НАТО и со Русија.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Двете земји имаат своја улога во одредувањето на иднината. Интересот е добредојден, но не под условите од минатото. Балканот е регион каде суверените држави ги формираат своите иднини. Интересот на ЕУ е повеќе од добредојден, а исто така добредејдени се и интересите изразени од САД за старнски инвестиции во енерегтиката, од Кина исто така бидејќи инвестираат многу во развојни проекти во оваа област. Членка сме на НАТО, но имаме пријателски односи и со Русија. пред енколку дена тие ја признаа Северна Македонија под новото име“, рече Ципрас.

Фактот дека има интерес од повеќе велесили е позитивен знак секако дека доколку суверените права на државата се признаени.

„Наше суверено право е како ги градиме нашите односи. Интересот на сите големи сили е добредојден и верувам дека ќе биде само позитивен. Ние сме мала земја, сакаме соработка со сите. Градиме пријателства,за нас нема алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ, но сакаме соработка со Русија, Кина и Источниот свет, зашто тоа носи поголем подобар стандард за сите. За нас е позитивно признавањето на новото име на државата од страна на Русија“, дополни Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Галена Николовска-Ризвановиќ

CiprasvladaZaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео