Почна средбата меѓу Заев и Ахмети за конечен договор за владина коалиција

Од:

Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети во Клубот на пратениците ја почнаа средбата на која ги договараат деталите за формирање владина коалиција. Заев и Ахмети на средбата се придружувани од генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби.

СДСМ и ДУИ веќе соопштија дека е постигнат сериозен договор меѓу двете партии во преговорите за формирање влада.

Во Клубот на пратениците прв пристигна лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од Артан Груби, а петнаесетина минути подоцна и лидерот на СДСМ Зоран Заев со Николовски.

За време на викендот и вчера продолжиле интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна влада на Република Северна Македонија.

СДСМ и ДУИ изминатите денови работеле на усогласување на изборните програми и распределба на одговорностите според ресори на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната влада, а разговорите биле во целост посветени на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите. Двете партии информираа дека е постигната начелна согласност во однос на распределбата на одговорностите според ресори, без да откријат детали за кадровските решенија.

Двете партии ги почнаа преговорите веднаш по конститутивната седница на Парламентот на 4 август, се одржаа неколку средби меѓу Заев и Ахмети. Консултации двете партии имаа и во четвртокот минатата недела, откако претходно истиот ден, шефот на државата Стево Пендаровски му го додели мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тричасовна средба на Заев со Ахмети тогаш, во заедничко соопштение, беше оценета како конструктивна и продуктивна и на која биле постигнати основите за „напредок кон коалициски договор за нова европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото“.

ДУИ од своја страна соопшти дека разговорите за формирање владина коалиција со СДСМ се одвиваат на различни партиски нивоа, изарувајќи уверување дека ќе дојдат до конечен договор и Влада со целосен четиригодишен мандат, која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе продолжи партнерството со евроатлантските сојузници.

По договорот за нова влада се очекува претседавачот на Собранието Талат Џафери да закаже продолжение на конститутивната седница и да биде избран претседател на законодавниот дом, кој, пак, во законски утврдениот рок ќе треба да свика нова седница за избор на новиот владин кабинет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време