А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев – Холтхоф Пфорнер: Силна поддршка од Германија за напредокот на земјава

by А1он12/12/2019 - 16:55236
Share0

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Штефан Холтхоф-Пфорнер, германскиот покраински министер за федерални, европски и меѓународни прашања на Северна Рајна Вествалија.

Добивај вести на вибер

На средбата е пренесена силна поддршка од премиерот на покраината, Армин Лашет и од Сојузна Република Германија, за придонесот на премиерот Заев во напредокот на Република Северна Македонија. Изразена е силна поддршка и за евроатлантските перспективи на нашата држава, во кои се гледа потреба како за нашата земја и за регионот, така и за самата Европа, соопшти владината прес-служба.

Во таа насока, изразено е охрабрување, граѓаните и институциите во земјава да ја задржат проевропската ориентација.

Премиерот Заев се заблагодари за големото и искрено пријателство од Северна Рајна Вествалија и од цела Сојузна Република Германија, од Бундестагот, од германскиот народ и посебно од германската канцеларка, Ангела Меркел за помошта и придонесот на Германија во сите демократски процеси во нашата држава и во развојот на економијата, со оглед дека Германија е меѓу најголемите економски партнери на државава.

-Ќе продолжиме да даваме аргументи за нови германски инвестиции во нашата земја. Дадовме аргументи на почитување и примена на европските вредности, како што е успешниот дијалог и функционалната дипломатија, изразени преку договорите со Бугарија и со Грција. Продолживме со уште поголема посветеност и кон реформите. Демократијата, слободата, владеењето на правото се европски вредности што Република Северна Македонија докажа дека е подготвена да ги спроведе. Но тие се и потреба за граѓаните, значат стабилност и економија и затоа остануваме ориентирани кон евроатлантските интеграции, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано за можностите за продлабочување на соработката во сите области, се вели во соопштението од влаидната прес-служба.

eu

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен