Заев – Холштајн: Новата евроатлански определена Влада веќе покажува ефикасност и посветеност кон државните и граѓанските приоритети

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Анке Холштајн, амбасадорка на Сојузна Република Германија во нашата држава.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, e поздравено формирањето на новата Влада по изборите во рамки на законските рокови и е констатирано дека новоформираната Влада веќе покажува ефикасност и посветеност во продолжување на важните државни и граѓански приоритети.

Премиерот Заев на средбата упати благодарност до канцеларката Ангела Меркел и до Сојузна Република Германија, како една од најголемите пријателски држави на нашата земја, како и за посветеноста на германското претседателство со ЕУ, кон проширувањето на Унијата.

-Ова е целосно евроатлански определена Влада и ќе продолжиме да работиме во таа насока. Нашата цел е, како што покажавме изминатите три години што значи да се носат лидерски одлуки во насока на решенија на отворени прашања, така во следниот период да покажеме и одговорно работење и функционална правда со тоа што законите ќе важат подеднакво за сите. А ќе продолжиме, како држава, да испорачуваме и европски вредности и да придонесуваме во перцепциите за Западен Балкан, како регион којшто припаѓа на Европа. Постои цврста определба помеѓу сите коалициски партнери во Владата за определбите кон овие вредности и затоа очекувам полн 4-годишен мандат, што ќе овозможи предвидливост на економијата и за граѓаните, рече премиерот Заев.

На првата средба со германската амбасадорка Холштајн во новиот мандат на премиерот Заев, беше разговарано и за мерките што продолжува да ги презема нашата држава за заштитата на јавното здравје и за предвидената натамошна поддршка на економијата. Беше нагласена важноста на покажаната солидарност помеѓу државите, во надминувањето на предизвиците во светската здравствена криза и во таа насока премиерот Заев се заблагодари на СР Германија и на ЕУ за навремената помош и поддршка на нашата држава во справувањето со последиците од корона кризата.

На состанокот, како што е наведено во соопштението, е разговарано и за можностите за уште поголемо унапредување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, како еден од најголемите економски партнери на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески