А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев – Гутереш: Северна Македонија е синоним за победнички можности на дипломатијата и дијалогот

by А1он26/09/2019 - 19:36272
Share0

Премиерот Зоран Заев денеска на средба со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја потврди силната заложба на Северна Македонија за ефективен мултилатерализам и за јакнење на улогата на Обединетите нации во решавањето на сложените глобални предизвици.

Добивај вести на вибер

Во таа насока, како што соопшти владината прес-служба, беше изразена поддршката за реформскиот процес инициран од Генералниот секретар чиј фокус е ставен на превенцијата на конфликтот, одржливиот развој и реформите во управувањето.

-Во разговорот со генералниот секретар Гутереш, исто така, беше истакнато дека Северна Македонија целосно ја поддржува широката визија на целите за одржлив развој како превенција не само од насилните конфликти и тероризмот, туку и од заканите што доаѓаат од климатските промени, миграциите и бегалските кризи, сајбер-заканите и од другите хибридни закани за човештвото.На средбата беше истакнато дека Владата на Северна Македонија е целосно посветена на спроведувањето на Агендата 2030 и на активностите за интеграција на целите за одржлив развој во националните стратешки документи и локалните акциски планови, наведува прес-службата на Владата.

Премиерот Заев, кој беше во придружба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, се заблагодари за поддршката на агенциите на ОН во нашата агенда во процесот на спроведувањето на сеопфатните реформи во Северна Македонија и го информираше генералниот секретар на ОН за актуелната состојба во земјата и за објективните најави за старт за преговорите за членство во ЕУ, како и за процесот на финализација на протоколот за пристапување во полноправно членство во НАТО.

– Посебна благодарност на средбата беше изразена за признанието за важноста на Преспанскиот договор во Годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН Гутереш, кој беше оценет како резултат на победата на дипломатијата и дијалогот и како пример дека споровите можат да се решаваат врз основа на партнерство и пријателство во име на заедничкиот интерес за просперитет на народите, се наведува во соопштението за средбата меѓу Заев и Гутереш како дел од агендата на македонската владина делегација на 74-тото Генерално собрание на ОН.

Владината прес-служба информира дека генералниот секретар на ОН Гутереш на средбата истакнал дека се восхитува за договорот од Преспа и го оценил како историски успех со кој треба да се гордееме и кој отвора можности за напредок на земјата, и дека договорот бил важен чекор за скорешното членство во НАТО и за позитивната одлука на ЕУ за датум за старт на преговорите која се очекува во октомври.

– Генералниот секретар покажа интерес и за концептот „Едно општество за сите“ и изрази поддршка за политиките на кохезија во неговото остварување и се заблагодари за позитивната улога на Северна Македонија во активностите на ОН, за поддршката на неговите иницијативи, како и за посветеноста на Агендата 2030 за целите за одржлив развој, се наведува во владиното соопштение.

makedonijaobedineti nacii

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 19:4106/02/2026 - 19:51

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 17:33

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:3902/02/2026 - 09:39

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија

Предраг Петровиќ01/02/2026 - 12:19

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен