(ВИДЕО) Заев: Груевски за два автопата договара провизија од 25 милиони евра

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција објави разговори од кои се гледа, вели дека Никола Груевски договарал со Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Кирил Божиновски, изградбата на патот Кичево-Охрид, наместо 270 милиони евра, колку што проценила Агенцијата за патишта, да чини 373 милиони евра.

„Договарал истата фирма која го градела патот Миладиновци-Штип да го прави и овој пат и да биде на ист начин. Барал провизија од 5 проценти, за автопатот Кичево-Охрид 15-18 милиони евра, или вкупно за двата автопати 25 милиони евра.

„Дали ќе прифатат? Да не се претера, да не е многу. Пробај со 15 и види како ќе реагираат“, вели на снимката, како што вели Заев, Никола Груевски.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Да ти кажам ноќеска каква порака добив ми се смачи што ми идеше да му грабнам телефон да му ја скршам главата.
ГЈ: Ја ти викам…
ЗС: Не тера да напраиме незаконско нешто. Не ја, Миле и Владо треба да потпишат со тие Кинезите и нејќат луѓето да потпишат. И во право се што нејќат.
ГЈ: Да де де.
ЗС: Е сега место со нив тоа да го расправа, сега они и да го јаваат, јас сум месинџерот, мене ми се јавува, ова зошто е вака зашто е така, не е потпишано. Му објаснувам зашто не е, и му пишувам во пораката и мислам дека се во право луѓето. И ми враќа порака јаките експерти, јаките правни експерти Миле и Владо, а и ти како искусен правник сте дошле до заклучок дека е, и нешто ми дрнда таму.
ГЈ: Глупости. Па тој што вика дека е ок, нека го потпише.
ЗС: И да не сме во право, пази, и да не сме у право, начин ли е тоа бе со тројца твои соработници?
ГЈ: Да де. Ама и не само тоа, ако некој некомотно се чувствува, значи има нешто.
ЗС: Така е. Пак е да речам забегана порака. Онака, човек што изгубил контакт со реалноста. Не е во ред, не можеш да вреѓаш така.
ГЈ: Да бе да, мислам на крајот.
ЗС: Ако не сум јас искусен правник, шест години работам со проблематика, знам да проценам
ГС: Ама независно…
ЗС: Што треба да потпишат знаеш? Договор со кинеска компанија што ќе ги гради патиштава без тендер. Тоа треба луѓево да потпишат.
ГЈ: Па не може така.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле здраво.
МЈ: Повелете, возев, затоа не сум Ви се јавил.
НГ: Што праиш?
МЈ: Возев, возев.
НГ: Ааа возеше.
МЈ: Кажете.
НГ: Кажи ми сега за овие жутиве, каква е динамиката? Кога они доаѓаат, кога поднесуваат и кога се преговорите?
МЈ: Значи, на 29-ти во 10 им е кажано, може да го пролонгираме. Начелно тогаш им е кажано дека треба да достават понуда.
НГ: Да не го пролонгираме, а? Кога ја морам последен, кога ми е заден рок да ти кажам овие работи што ми бараше, пошто сум у гужви, не сум се свртел да ти кажам.
МЈ: Па добро е понеделник од сабајле, за да му кажеме, за да имаат барем еден ден-два да го вградат тоа.
НГ: Две…двете ќе дојдат тогаш тука?
МЈ: Двете, двете, во исто време.
НГ: Двете. Таа втората како се викаше?
МЈ: Едната е Synohydro Corporation Limited, другата е CWE, China International Water and Electric Corporation.
НГ: CWE.
МЈ: Да.
НГ: C – W – E, така?
МЈ: Да.
НГ: Да, сега се сетив, така беше, да. Ааа, они даваат понуда у 10. После што следува? Одма истиот ден се преговорите?
МЈ: Не, минатиот пат беше, ние 2-3 дена ги разгледувавме и потоа почнавме со нив да зборуваме.
НГ: А они седат, чекаат тука.
МЈ: Па да.
НГ: Добро.
МЈ: Тука се тие, едните се во Скопје, другите се во Белград. Постојано мислам…
НГ: За сега, за сега не им одлагај. Ако стигнам до утре стигнам, ако не па ќе им одложиш за еден ден.
МЈ: Важи.
НГ: Пошто сум у јака гужва.
МЈ: Важи, важи.
НГ: Океј. Ајде.
МЈ: Поздрав, чао.
НГ: Ајде, чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ало.
МЈ: Да.
НГ: Миле.
МЈ: Молам.
НГ: Овие Синоходро кога доставуваа претходниот пат…
МЈ: Добро.
НГ: Тоа што го доставија, после тоа го намалувавме у преговори или како беше?
МЈ: Де факто се испостави дека неколку ставки немаат. Ние го намалувавме, ама тоа што го намалувавме потоа се испостави дека некои ставки тие ги направиле превид и го зголеми…на крајот завршивме со некоја иста сума.
НГ: Ама немаме обврска тоа што ќе ни го донесат писмено и што ќе го отвориме, тоа да биде конечно. Можеме после да преговараме и да намалуваме, така?
МЈ: Да, да. Така правевме минатиот пат.
НГ: Значи они даваат писмено, ние ги отвараме и почнуваме да преговараме.
МЈ: Да. По ставки. Значи направивме споредба, не знам едната компанија-другата компанија-коридорот 10 цени и после еден тендер што го имала Агенцијата за државни патишта, тоа е Струмица-Радовиш и плус Коридорот 10, реконструкцијата. Така да имавме и ставки од последни неколку проекти, за да видиме до кај сме. И ставка по ставка де факто се одеше. Затоа викам мора некои постручни да го гледаат. И тие работеа 2-3 дена, ни дадоа извештај и врз база на тоа ние водевме преговори.
НГ: Океј. Ние се фокусиравме само на едната, на поефтината фактички.
МЈ: Не, двете. На двете работевме, паралелно.
НГ: Аха. Добро, океј, ајде чао.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник 1

Соговорник 1: Ало
МЈ: Согласно проектот…
Соговорник 1: Да?
МЈ: Колку е вашата финална цена?
Соговорник 1: Согласно…за Кичево-Охрид збориме, така?
МЈ: Да.
Соговорник 1: Сега да видиме, сега министре да видиме. Охо. Само секунда. Согласно проектот како што гледам јас, проценка цени е…беше…вака сега, пошто проектот е правен…200…околу 193 милиони, значи збориме евра. 193 милиони евра е по проектот. Меѓутоа поради тоа што се правени проектите од 2002 до 2009, ние удривме некаков коефициент на корекција, да речеме зголемување на цените внатре што се и излегоа негде 267 милиона, некоја ориентација.
МЈ: 267 милиони евра, така?
Соговорник 1: Да, ориентација. Сега министре, ако има нешто случајно испуштено некој премер. Значи сега пак ги проверував предметите, значи овој што е ЗИМ што ги правел се катастрофа. Еве, значи пробавме да ги средиме, утре ќе ни достават, ни кажаа, ни ветија дека ќе ни достават средено све до крај. Ама мислам дека е тука негде се движи, 270 до 280 милиона.
МЈ: 270 милиона, така?
Соговорник 1: Да.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник 1

Соговорник 1: Да, ало. Ало?
МЈ: Ало.
Соговорник 1: Да?
МЈ: Дали во овие 270 ги имаш тие 12-те моста, што дополнително ги доставивте после на компаниите?
Соговорник 1: Да, да, да. Овде има, јас како што гледам има 30 објекта, 30 виадукта има.
МЈ: Значи све е ставено и по тебе е 270 милиони, така?
Соговорник 1: Така, да, околу, сега министре, може ќе Ве излажам за 10-тина милиони, меѓутоа тоа е тоа, сега јас, ете толку е. Значи, објекти преку 150 метри има овде 30 објекта, значи трисет и…еве сега овде Ви го пуштив сега на мејл…
МЈ: Луис Берже, на Луис Берже колку беше во онаквото, во проценката?
Соговорник 1: Оф, сега ајде да проверам сега…Луис Берже. Тука имам…
МЈ: А што ми пушти, што ми пушти на мејл?
Соговорник 1: Сега Ви пуштив, Владо ми бараше за сите делници проектанските цени да ги извадиме. Значи…
МЈ: На мејл ми пушти проектански цени.
Соговорник 1: Да, да, да сега го пуштив пред две минути.
МЈ: А ова, а ап, а тотал, проект ап, што ти е ова ап?
Соговорник 1: УП, јунит прајз, а..тоа е а-у-п, јунит прајз, па а тотал.
МЈ: А тие компанија А ?
Соговорник 1: Да де да, ја не ги знам компаниите, така. Компанија А, компанија Бе.
МЈ: Добро, ајде.
Соговорник 1: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле што правиш?
МЈ: Добро, кај Кире сме на гости.
НГ: Кај кого?
МЈ: Кај Кире, Кире.
НГ: А така. За ова ти колку предлагаш?
МЈ: 5 на целото.
НГ: Што 5 на целото?
МЈ: 5%.
НГ: Не, не у точен износ колку?
МЈ: Па сега зависи колку ќе биде, помеѓу 15 и 18.
НГ: Ти како, како процент збореше таму или како бројка точна?
МЈ: Па…тие го спомнаа тоа, и генерално си е океј вака тоа. 5 на тоа што ќе помине. Тоа зависи од понудата, ама помеѓу 15 и 18 би се движело, согласно некои проекции колку би понудиле.
НГ: Ќе ти прифатат толку?
МЈ: Ако му кажиме ќе прифатат, да, не е тоа ништо. И на другото е толку.
НГ: Да не е многу бе, а? Да не се претера, претера новинарството.
МЈ: Еве ја одев по некоја аналогија од претходното, и…и тие спомнаа во една прилика така. А, три е… три е онака коректно.
НГ: Мхм. Пробај со 15 да видиме како ќе ти реагираат, па ајде, јави се.
МЈ: Океј.
НГ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Владимир Пешевски

ВП: Да.
МЈ: Владо.
ВП: Е.
МЈ: Не знам дали ти се јави шефов, на мене ми се јави.
ВП: Добро.
МЈ: И вика, да ги викниме. Двеве компании.
ВП: Ааа… овој што барал Кинезов тука?
МЈ: Не знам Владо, го видов, ја мислев дека е со тебе.
ВП: Кај, кај седеше?
МЈ: А? Па јас чекав кај Кире пред врата и тој излета од…од ова…како се вика…билатерална, од таа врата излезе.
ВП: Е па тогаш бил кај шефот.
МЈ: Не знам кај бил. Можда бил таму.
ВП: Ти кај си сега?
МЈ: Кај Кире. Ти кај си?
ВП: Ја у канцеларија.
МЈ: Ај че дојдиме кај тебе за две минути.
ВП: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ало.
МЈ: Молам.
НГ: Кире ми се јави.
МЈ: Да се видиме на две минути.
НГ: У гужва сум. Главното прашање било дали двете или едната. Така?
МЈ: Да, и дали пред или после? Имавме некои дилеми тука со Владо и со Кире.
НГ: Види, не можеш после. Минатиот пат како беше? Пред беше?
МЈ: Послем. Ај две минути само, а?
НГ: Не можам, у гужви сум. Народ ме чека, каснам два саата, со Србиве каснам. Ааа, ја мислам на двете, оти ќе дојде до дисбаланс. Едната ќе даде повисоко, другата пониско и у суштина крај ќе…ќе се зезне работата, сфаќаш.
МЈ: Добро.
НГ: Таа што не си и кажал, може да искочи поподобна. Шо ќе правиш после?
МЈ: Вториот концепт беше да видиме колку му се разликите, ако се големи да не се двете, случајно утре да одат на други места и така. Таа дилема.
НГ: Што ако таа што си зборел стави и искочи со полош резултат?
МЈ: Не ама…
НГ: Што ќе правиш после?
МЈ: Ако видиме ќе знаеме колку е разликата. Може да биде разликата многу поголема од тоа. Од тој апсект.
НГ: Види со едниот, со тој го имате веќе муабетот праено така?
МЈ: Да, да со еден да.
НГ: Таму можеш да збориш?
МЈ: Да.
НГ: Тебе ти е сега дали и со другиот?
МЈ: Да. И Владо ја наметна таа тема.
НГ: Добро, ако е така и овој после го зезнеме, искочи послаб, како ќе ја завршиме работата?
МЈ: Не, идејата е ако одиме отпосле да се видат, ако се разликите над тоа да…не со двете. Оти перцепцијата е дека овие даваат пониска цена од другите.
НГ: Ама тоа прошлиот пат, сега може нема да искочи така. Не можеш да знаеш тоа.
МЈ: Така е. Не може никој да…
НГ: Ја мислам на двете. Само многу внимателно, на страна.
МЈ: Добро.
НГ: И така.
МЈ: Океј.
НГ: По мене тоа е покоректно, да не се заплеткаме у мрежа од која што нема да може да се отплеткаме после.
МЈ: Добро, добро.
НГ: Друго прашање дали има?
МЈ: Тоа е.
НГ: Тоа е главното.
МЈ: Да.
НГ: Океј. Внимателно со одбрани зборови…
МЈ: Добро.
НГ: Да не може да те…ако те овакво,.
МЈ: Океј, океј.
НГ: Ако те има на нешто да не може да е јасно..знаеш. Само мене, се плашам некако многу ми се големи, тоа од минатиот пат и ова заедно, многу ми изгледаат…

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Што ме исклучи бе Миле?
МЈ: Исклучи, јас викав ало, ало не се слушаше.
НГ: А. Некако кога ќе го споредам тоа од прошлиот пат и ова сега, ми изгледа многу гадно и некако си викам да не не зезнат после нешто, што знам, а? Ваљда нема.
МЈ: Вака не би требало сега.
НГ: Добро.
МЈ: Океј.
НГ: Збори па кажи ми. После секој нов момент јавувај ми.
МЈ: Важи.
НГ: Значи секој, и сега и во наредните денови. На секој нов момент јавувај ми се, да не направиме некоја глупост, као…као што имаше минатиот пат, волку-толку-онолку. Ајде.
МЈ: Добро. Чао.
НГ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Соговорник 2

Соговорник 2: Молам.
МЈ: Бојан?
Соговорник 2: Да кажете.
МЈ: Двете компании се во Македонија?
Соговорник 2: Двете, да. Едните си се тука, другите дојдоа само за овие 2-3 дена и си се враќаат назад во Кина. Така ми кажаа.
МЈ: Ај кажи му едните нека дојдат во 8, другите во 8.30 кај Владо.
Соговорник 2: Утре од сабајле?
МЈ: Не, вечерва.
Соговорник 2: Ама без понуди, така?
МЈ: Да, без.
Соговорник 2: Добро. Ајде сега ќе им кажам.
МЈ: Океј, нека дојдат.
Соговорник 2: Важи.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле, поразмислив вака. Можда боље е попретпазливо ова што викаше ти. Ало?
МЈ: Да, да ве слушам.
НГ: Можда подобро, попретпазливо. Кажи им вечерва ти на овие со кои што минатиот пат се заврши, со нив нели го имаш муабетот веќе.
МЈ: Добро.
НГ: Па после, ако они се послаби ќе ги гураме овие надоле другите, знаеш.
МЈ: Добро.
НГ: Ќе мора другите после да им викаме спуштајте, идете надоле, идете надоле, идете надоле, за да дојдат помалку од овие.
МЈ: Океј.
НГ: Добро е некако одма да не ги видат сите тие. Кога ќе достават мал број да ги видат, а не секој таму.
МЈ: Не, добро тоа го надминавме. Ќе ги достават кај Љупчо директно, а после ќе утврдуваме што-како. Владо мисли…
НГ: Ама зошто бе и Љупчо сеа, Љупчо…што, што Љупчо!?
МЈ: Кај нас може да ги остават.
НГ: Кај вас нека ги остават, ѕирни ги таму, кажи ни што е-како е, да видиме. Љупчо!?
МЈ: Владо мислеше да ги викнеме и да му покажеме на ливче, без дискусија, на двете.
НГ: Размислував сега вака, не на двете.
МЈ: Добро.
НГ: У право беше ти кога ми укажа прееска. Со едната да идеме, оваа што си ја знаеме, мислам како се вика, не ја знам, ти ја знаеш, не ми ја спомнуј сега.
МЈ: Да
НГ: Ааа, да ја играме таа игра како минатиот пат, а имаш право оваа другата ќе промрчи на тој тука што им е, нели имаат тука еден.
МЈ: Да.
НГ: Па тој ќе пише писма не знам каде, и така.
МЈ: Океј. Важи.
НГ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Соговорник 2

Соговорник 2: Министре, во 8 ќе дојдат Synohydro, CWE во 8.30 ќе бидат таму.
МЈ: Откажи му на CWE, само Synohydro нека биде.
Соговорник 2: Само Synohydro?
МЈ: Да.
Соговорник 2: Добро, океј.
МЈ: Речи им дополнително ќе ги бараме нив, ако треба нешто.
Соговорник 2: Добро, во ред.
МЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и сопругата

Сопруга: Ало, да не си во близина или не?
МЈ: Мњмњмњмњм. Ало?
Сопруга: Да не си во близина или не, а?
МЈ: А?
Сопруга: У близина да не…
МЈ: Мњмњмњмњм. Хахахаха.
Сопруга: Леле бе. А што правите, кај сте?
МЈ: Почнавме кинески да зборуваме.
Сопруга: А бе ајде легнете си, не се глупирајте, што правите?
МЈ: Преговараме.
Сопруга: Уште?
МЈ: Тоа е.
Сопруга: 2 саат е навечер, што правите?
МЈ: Сања, мора да договориме, у 5 си одат. Што да ти кажам.
Сопруга: Што мора?
МЈ: Во 5 ќе си одат.
Сопруга: И што до 5 саат ќе си седите?
МЈ: Сања, ни планиравме, ние се консултираме, треба да платиме, кај шефот се враќаме назад, па тие напред, па тие ѕвонеа во Кина, па чекавме да се разбуди тој нивниот шеф, што да ти кажам. Сега се разбуди и така.
Сопруга: А сега зошто…само на еден ден беа дојдени тие?
МЈ: Не бе Сања, вчера виде кога си дојдов. Цела недела со нив се занимавам. Денеска е последно.
Сопруга: И утре кога ќе одиш жити се на работа, што ќе правиш?
МЈ: Ќе видиме отом-потом. Ајде се надевам…ајде
Сопруга: Ајде чао.
МЈ: Чао.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски