Заев: Груевски ќе биде градоначалник во „Идризово“

Од:

Готово е, радувајте се мои другари. В недела заедно ќе ја прославиме победата, изјави вечерва во Гази Баба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– На сите им е јасно и на Груевски, сè има почеток и крај. Гази Баба цели 26 години е под чизмата на власта, под режим. Во оваа општина и во Стајковци харала банда. Гази Баба даде збор, немојте да си го газите зборот. Дојде време да се згази овој режим. Овде велеа со крената глава. Со што? Со 23 жртви од поплавите, со заминати млади и украдени милијарди? И врапците знаат дека Груевски заминува и дека доаѓа слобода. Да го утепаат странски служби, гревче стана човекот. Се заканува со убиства. Миленко новинарот се заканува. Јас душата ја давам за Македонија. Знаат како се умира на рати. Од премиер се сторил градоначалник. Нему местото му е градоначалник во „Идрзиово“ – рече Заев.

На 31 јануари годинава порачав дека доаѓа слобода и правда, рече Заев. Нагласи дека Македонија на 11 декември ќе слави.

– Бандитите знаат дека следи крај. Ги предупредувам дека 2 години ги надвјасавме. Мора слободно народот да гласа. Казна затвор ќе го стигне секој кој ќе прави изборни проблеми. Секој кој ќе се заканува и плаќа за изборни неправилности ќе одговара со затвор и тоа нема да го простам. Ќе им покажеме како народот живее спокојно. Ветувам плата од 500 евра. Дополнителни 30.000 денари од повраток на ДДВ, поголема социјална помош, бесплатно лекување, европско образование, ветувам лекција која ќе ја научат сите и бандитиве. Ветувам живот за Македонија. Кубат коси, мака им е, ги боли оти сите сме заедно. Здружено. Силно пука, татне. Затоа ќе победи единството. Праќам порака до тие што се плашат, почитувани административци, платите ви се загарантирани. Ви ветувам влакно на никој нема да му фали. Ќе бидете дел од европска администрација која ќе работи за својот народ. Ние се бориме за живот, но и за подобар живот на младите. Зграпчето го црвеното знаме и изборете се за вашата Македонија, заедно со своите најблиски, ви подавам рака заедно да се ибориме за нашата Македонија. Нема да има федерализација, туку конфискација, па мајка Јана да е. Нема да имаат повеќе од 43 пратеници, држете ме за збор. Јас знам сè, тоа ми го кажа народот, кој масовно ќе гласа за живот во Македонија – рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

СДСМ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо, бараме поништување на срамниот оглас во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

(ВИДЕО) Кузеска: Се претвараме во јужноамериканско гето каде полицијата буквално нема контрола над одредени делови од земјата

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек