(ВИДЕО) Заев: Груевски да го преиспита својот став, уште сега би се знаел победникот на парламентарни избори

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека нема коментар за обвинувањата на Никола Груевски за изборниот процес зашто такво нешто нема во ниту еден извештај на набљудувачите и на меѓународните организации.

-Бара СЈО, но јас го разбирам чувството на поразениот. Затоа барам одговорност и да згаснат еуфориите. Мора да работиме сите за интересите на граѓаните. Вонредни парламентарни избори уште сега ќе се знаат резултатите, но дефинитивно однесувањето после еуфории и победи е типично за ВМРО-ДПМНЕ и да бара наредни избори. Апсолутно немам коментар, нема институција, меѓународна организација, нема ништо од тоа што го кажа Никола Груевски. Слободно изразената волја конечно е израз на овие избори, рече Заев.

-Освен ако падне мнозинството во парламентот може да има избори, но јас сум убеден дека мнозинството ќе расне, рече тој.

Не смее да има еуфорија, вечерва завршуваат прославите, од утре мора да се работи за живот за сите. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитаат својот став за изборниот процес, а кои знаат дека поминаа во фер и демократска атмосфера. Се надевам ќе изнајдат сили да се однесуваат како политички сериозен субјект и ќе дадат придонес кон реформите.

Апелирам до раководството на ВМРО во прв план да ги стават интересите на граѓаните на Република Македонија, рече Заев.

На вториот круг граѓаните ја потврдија победата и уште еднаш се определија за целосни промени и за живот за сите. СДСМ и коалицијата победи во огромен број општини и тоа е важно од две причини-дека се движиме во вистински правец и најголемата одговорност за сите цели е на СДСМ и на коалиционите партнери, рече Заев.

Би можело да ве интересира

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна