Заев го запозна Рикер со генералните планови на новото раководство на СДСМ

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со Филип Рикер, заменик помошник на државниот секретар на САД, надлежен за европски и евроазиски прашања.

На средбата, како што информираат од СДСМ, Рикер ја потврдил заложбата на САД дека и понатаму остануваат сериозно заинтересирани и посветени за состојбите во регионот.

– Рикер уште еднаш го потенцираше значењето на мултиетничкиот и мултиконфесионалниот карактер на Република Македонија и притоа силно ја истакна поддршката што САД и ја даваат на земјава за полноправно членство во НАТО и ЕУ, соопшти СДСМ.

Говорејќи за наметнатиот спор од страна на Република Грција околу уставното име на Република Македонија, Рикер ја истакна неопходноста од брзо изнаоѓање на взаемно прифатливо решение и притоа укажа дека егзистирањето на македонската држава е суштинската гаранција за македонскиот идентитет.

Спомнувајќи го примерот на Србија и Косово тој укажа дека сериозно лидерство значи донесување на храбри одлуки.

– Србија и Косово се доказ дека секој проблем и спор на Балканот може да се реши со соодветна методологија и пристап, констатираше Рикер.

Претседателот на СДСМ Заев го запозна заменикот помошникот на државниот секретар на САД со генералните планови на новото раководство на СДСМ, визијата и насоките во кои во иднина ќе се движат политиките на партијата. Воедно претседателот Заев ја истакна и се заблагодари на поддршката што САД континуирано и ја даваат на Република Македонија во нејзините евро-атлански аспирации.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он