(ВИДЕО) Заев го уверува Туск: Ќе ја докажеме независноста на судството

Од:

„Рекет“ е силен тест за судството и успех во правосудните реформи. Со решавање ма овој случај и Законот за Јавно обвинителство ќе ја докажеме независноста на судството и борбата против корупцијата. Со овие уверувања го пречекавме и ќе го испратиме претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, рече премиерот на Македонија, Зоран Заев.

Тој изрази искрена надеж дека на самитот на ЕУ закажан за во октомври годинава, Македонија дефинитивно ќе добие датум за преговори.

Премиерот Заев истакна дека Туск е голем пријател на нашата држава, кој не пропушта ниту една прилика да застане зад Македонија во однос на влезот во ЕУ и проширувањето на Унијата.

„Ова взаемно пријателство да го крунисаме во октомври. Ова е период од најголема важност за постигнување на стратешките цели, а тоа е потврдување на датумот за преговори за пристап во ЕУ. Имаме засилен ангажман за обезбедување поддршка од сите земји членки. После десет позитивни препораки и резултатите кои ги постигнавме, сме повеќе од убедени дека на седницата на ЕУ на 17-ти и 18-ти октомври ќе добиеме датум за преговори“, рече Заев.

Премиерот на заедничката прес-конференција истакна дека на денешната средба детално го запознал Туск со се што оваа Влада направила изминатите години.

„Очекуваме Советот да направи рамка за датумот за преговори. Целосно е јасно и нема сомневање дека преку трансформација патуваме кон членство во ЕУ. Ова значи интензивна работа согласно политиките на Унијата која е незаменлива алатка, што прави успешни приказни во европските земји“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе се приклучи на европскиот систем за воздушна одбрана

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска