Заев го потпиша договорот за изградба на пречистителна станица

Од:

Градоначалникот Заев го потпиша договорот за спроведување на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Струмица”.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и директорот на ЈКПД „Комуналец” – Струмица, Зоран Горгиев, денеска, во Скопје, го потпишаа договорот за спроведување на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Струмица”.

2

Вкупната вредност на договорот за градба на овој инфраструктурен проект изнесува 8,4 милиони евра, а средствата се обезбедени преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА) предвиден во рамките на Оперативната програма за регионален развој 2007-2013 (дел: животна средина) и кофинансиран од Буџетот на Р. Македонија.

Пречистителната станица ќе се гради со капацитет за 53.500 еквивалент жители и ќе ги прочистува урбаните отпадни води од подрачјето на општина Струмица, како и индустриските отпадни води кои се испуштаат во канализациониот систем. Имено во пречистителната станица ќе се прочистуваат урбаните отпадни води од градот Струмица, и населените места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Муртино, Просениково, како и отпадните води од индустриската економска зона Сачево. Со изградбата на пречистителната станица значајно ќе се придонесе кон подобрување на кавалитетот на водите во реката Тракајна и реката Струмица и ќе се обезбеди заштита на Моноспитовското блато.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите