Заев го почнува својот втор премиерски мандат, Собранието ја изгласа Владата

Од:

Пратениците ја изгласаа Владата предложена од мандатарот Зоран Заев, по дводневната исцрпна собраниска дебата.

„За“ Владата на Заев гласаа 62 пратеници, „против“ гласаа 51 пратеник, намаше воздржани, а присутни беа 115 пратеници.

Заев во својот говор пред гласањето, рече дека тој и министрите се обврзуваат чесно и одговорно да им служат на граѓаните.

„Сега веќе немаме отворени етнички прашања, сега сите сме еднакви. Сега сите соседи ни се пријатели“, рече Заев во својот говор.

Тој им се заблагодари на граѓаните за довербата и ја повика опозицијата на соработка во претстојните четири години.

Заев вчера го достави предлогот за Влада составен од 19 министри.

Меѓу нив се Оливер Спасовски кој ќе биде министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши министер за економија, Насер Нуредини министер за животна средина и Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација, Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Горан Милевски министер за локална самоуправа.

Предвремените парламентарни избори во Македонија се одржаа на 15 јули.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали