Заев го извести еврокомесарот за проширување на ЕУ за случајот „прислушкување“

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар, Оливер Спасовски и претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска во седиштето на СДСМ се сретна со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Тема на разговорот беа актуелната политичка ситуација во Република Македонија и загрозените демократски процеси во државата.

-Скандалот со прислушувањето на 20.000 граѓани, упадот на власта во функционирањето на Јавното обвинителство, на судовите, местењето обвинителско – судски процеси, се само мал дел од доказите што ги поседуваме за урнисувањето на уставниот поредок на Република Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина негови соработници, рече претседателот Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ најави дека Социјалдемократскиот сојуз има законска и морална обврска Вистината за Македонија да ја сподели со граѓаните и тоа ќе го стори, во насока и со единствена цел, враќање на уставниот поредок во Македонија, на слободата и демократијата и нормализација на државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада