Заев го честиташе Денот на Армијата на Република Македонија

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, денеска по повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија, упати честитка до припадниците на АРМ и граѓаните на Република Македонија:

„Дозволете, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз да ви го честитам Денот на Армијата на Република Македонија.

Од голема важност се вашиот влог и придонес во безбедноста и стабилноста на државата, како чувари на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија.

Партиципирањето на голем број припадници на АРМ во меѓународните мировни мисии, `не прави горди сите нас, како граѓани на Република Македонија, чијашто цел е мир во светот.

Ви посакувам бројни успеси и во иднина, и со поддршката од сите нас, да ги оствариме заложбите за подобро општество и интегрирање на Македонија во евро-атланските структури“.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он