Заев ги потврди информациите од медиумите: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Од:

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите кои стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски, правдајќи се дека тие побрзале да ги објават, бидејќи истрагата не се води кај нив, туку во Македонија.

Тој потецираше дека МВР час поскоро ќе излезе со информација како се одвивало бегството и кој помогнал. Едната истрага, како што кажа, ја води внатрешна контрола во МВР, а другата обвинителството.

Заев изјави дека службите имале информации четири недели претходно што правел и каде се движел Груевски. Тој очекува Унгарија да постапува по меѓународните прописи и да го екстрадира.

„Унгарија е наш пријател, на внимателен начин ќе направиме се што треба околу екстрадицијата. Сите докази што ги имаме ќе ги предадеме на Унгарија, но и на ЕУ, односно на еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан и на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Мораме да внимаваме да не го нарушиме пријателството со земјите кои што не поддржуваат во НАТО и ЕУ. Веќе се поднесени првите документи, штом ќе бидат комплетирани ќе бидат поднесени сите документи за екстрадиција“, рече премиерот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија

Унгарски: Унгарија се соочува со пет најкритични денови

Можна енергетска криза во Унгарија поради падот на водостојот на Дунав и запирањето на работата на електраната „Пакш“

А1он