(ВИДЕО) Заев: Ги отворија вратите на пеколот

Од:

Премиерот Зоран Заев им заблагодари на сите пратеници, соборци, соработници, медиуми, граѓани за присебноста за време на настаните што лани на 27-ми април се случија во Собранието.

„Домот на граѓаните таа вечер беше узурпиран од насилство. Помогнаа разумот и присебноста за да не се крене брат против брат. Заеднички ги надминавме тешките моменти. Катарзата за 27 април мора да помине низ правосудниот систем“, рече Заев.

Дупка од куршумот на плафонот од испуканиот предупредувачки куршум

Според Заев, 27 април е сликата на Македонија која се бори за слобода.

„Тие настани го забрзаа доаѓањето на промените. За 1 година светот го виде нашиот напредок.

Оваа промена бара време и труд“, порача Заев.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање