ФОТО+ВИДЕО: Заев ги отвори новите општински простории на СДСМ во Штип

Од:

Во присуство на неколку стотини членови и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на Партијата, Зоран Заев, вчера вечер свечено ги пушти во употреба новите простории на ОО СДСМ во Штип.

„Новите простории нека бидат и од Бога благословени. Со наши активности и по пат на заедничка одговорност за градење на единство имаме шанса да ја добиеме поддршката и да го трасираме патот кон подобра Македонија“, изјави Зоран Заев.

Покрај Зоран Заев на отворањето присуствуваа и генералниот секретарот на СДСМ, Оливер Спасовски, потпретседателот Дамјан Манчевски, како и дел од членовите на Извршниот одбор на СДСМ.

Заев ја искористи можноста да ги потсети членовите на СДСМ дека во тек е постапката за избор на ново раководство на Општинската организација во Штип и да ги охрабри да земат учество во целокупното работење на партијата.

[nggallery id=214]

 

ОО на СДСМ – Штип минатата недела ги предаде старите партиски просториите, кои се наоѓаа во општинската зграда, во владение на Општинта, откако Апелациониот суд донесе пресуда во корист на Општина Штип во однос на тужбаташто пред три години ја поднесе тогашниот градоначалник Зоранчо Алексов.

Членовите на СДСМ веруваат дека во новите простории наскоро ќе ја прослават и победа.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он