Заев-Герберих: Македонија треба да ги продолжи реформите и унапредувањето на добрососедските односи

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска , заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска имаше работен ручек со амбасадорот на Република Германија во Република Македонија, Томас Герберих.

На состанокот беше разговарано за официјалната посета на премиерот Заев и владината делегација во Германија и средбата на премиерот Заев со германската канцеларка, Ангела Меркел. Потврдено е од двете страни дека станува збор за реализирани важни средби на највисоко политичко ниво од двете држави, од коишто произлезе и значајната порака за целосна поддршка од Република Германија на евро-атлантските перспективи на Република Македонија и за економскиот развој на државата.

Германскиот амбасадор на средбата порача Владата и Република Македонија како држава да ја задржат храброста и да го продолжат процесот на отпочнатите реформи и на унапредувањето на добрососедските односи што отвора перспективи за граѓаните, за младите луѓе и за економски напредок на земјата.

Премиерот Заев и на германскиот амбасадор Герберих му се заблагодари за големата политичка поддршка што ја има Република Македонија од Република Германија во развојот на демократските промени во државата и придвижувањата кон ЕУ и НАТО на принципиелен начин како добар пријател на Македонија, како и за придонесот на Германија во економијата во земјата, со оглед на тоа што Германија е меѓу најголемите инвеститори во нашата држава.

-Работиме да создадеме правна држава, стабилна и предвидлива политичка и економска клима, посветено ги спроведуваме реформите и градиме добри односи со соседите и со државите од меѓународната заедница и очекуваме овие чекори да придонесат кон историски шанси за Република Македонија оваа година во европските и НАТО интеграциите, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше за конструктивните и инклузивни политики на премиерот Заев и на Владата. Заеднички е заклучено дека 2018 година е исклучително значајна година за Република Македонија, со историски шанси, поради што сите политички субјекти мора да го препознаат својот дел од одговорноста, за тие шанси да бидат искористени за доброто на граѓаните и на државата, приклучувајки се во потребниот државен консензус за клучните политички прашања.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на загинати и повредени во железничката несреќа во Германија

Горан Наумовски

Железничка трагедија во Германија: Најмалку тројца мртви, десетици повредени

Неколку лица загинаа, а најмалку тројца се повредени во железничка несреќа во Германија

Горан Наумовски