Заев: Федерализација ќе нема, ќе има конфискација!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во Арачиново порача дека граѓаните на Македонија пишуваат историја и заедно сплотени избираат живот. Тој упати порака до Груевски и власта дека федерализација нема да има но дека конфискација ќе има.

„Ова големо присуствуво овде покажува дека заедно испишуваме историја. Нека пукнат Груевски и Ахмети, го распукавме режимот, прснат е на парчиња, затоа што сме единствени сплотени и заедно ќе им покажеме дека може да има заеднички живот во Република Македонија. Сиромаштијата хара насекаде и тука во Арачиново и мое Муртино во Струмица. Младите ни се иселуваат. Исто боли солзата и на мајката Македонка и на мајката Албанка. Ова единство ќе го донесе животот подеднакво за сите. Измислуваат федерализација и кантонизација- лажат, ќе има конфискација, се што ви украдоа се ќе ви вратат. Очите на целиот свет се вперени во Македонија. Ќе видат на 11 декември дека е можно заедно да сме здружени и сплотени и победничка Македонија да испрати порака за соживот и живот.“ рече меѓудругото претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он