(ВИДЕО) Заев: Европската Унија ќе ја поддржи новата Влада

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерени изјави дека е задоволен што ЕУ останува посветена на иднината на Македонија.

„67-те мандати се нормален услов за давање на мандатот за формирање Влада, а ЕУ ќе ја поддржи идната Влада за забрзано членство во Унијата“ рече Заев.

„Уште еднаш апелираме до Иванов да ја преиспита својата одлука затоа што позади тие 67 мандати стојат близу 700.000 гласачи,а со секое пролонгирање, стравот од ескалација на состојбата е реално присутен. Оттука, првиот чекор е Иванов да ги почитува гласачите кои стојат позади овие 67 потписи. Со вака блокирани институции доведено е во прашање и одржувањето на локалните избори чиј краен рок за закажување е в недела, на 5 март – изјави Зоран Заев по средбата.

Лидерот на СДСМ порача дека остануваат посветени на изнаоѓање брзи, но мудри одлуки.

„Тоа од нас го очекуваат граѓаните, но и ЕУ“ нагласи Заев.

Претставнивите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ на средбата со Могерини, го напуштија Собранието без да дадат изјави.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија