(ВИДЕО) Заев: Еве како ВМРО-ДПМНЕ уценува и поткупува гласачи

Од:

На прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимки за кои рече дека покажува за огромните притисоци врз сопствниците, како инспекциите на УЈП казнуваат во Турско Маало, како се договараат на таксистите што би возеле гласачи да им се одземат лиценци.

Ова рече Заев е тажна вест за Македонија.

„Кажи им ако СДСМ дојде на власт министер Албанец ќе има. Јас сакам фирмите за превоз на стока да ги држат“, вели на снимката лице, за кое Заев вели дека е на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Истото лице разговара, и како што рече лидерот на опозицијата со директорот на УЈП Горан Трајковски.

„Пиштење, вриштење имаше ќе биде кога ќе се затвора“, вели на снимката, како што вели Заев, Јанакиевски.

„Затворивме два дуќани, на некои казни по 4.800 евра казна им пишавме. За 4 пиљари на циганите во Турско Маало нема список“, вели, како што рече лидерот на опозицијата директорот на УЈП Горан Трајковски.

1. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

С: Молим
МЈ: Стевче?
С: А? Молим?
МЈ: На транспортериве треба некако да им дадат поддршка. Ќе им пуштиме муабет дека СДСМ ако добие власт, дека на албанец ќе го дадат Министерството.
С: Сакаш официјално со писма да одиме, или како?
МЈ: Не, не. Билјана да направи една тура, за да не поддржат. Еве, во Радовиш транспортериве да не поддржат, вработените…
С: Епа сеа, јас сакав во вторник да ги собереме овие поголемиве што се фирмиве и од превоз на патници и од превоз на стока некаде во Македонија, накај централна и да одржиме еден состанок со нив. Шо мислиш?
МЈ: Ајде направи.
С: А?
МЈ: Направи, од четворка само собери ми ги…
С: Значи, еве ти правам список, она што ми бараше, ќе ти ги пуштам на маил.
МЈ: У четворка, У четврока.
С: Од четворка сите ќе ти ги пуштам и ќе ти пуштам еден посебен список, она што ми бараше за јавување телефонски.
МЈ: ајде, чао.
С: Ајде.

2. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Горан Трајковски

ГТ: Што праите?
МЈ: Добар.
ГТ: Задоволни од ова денеска?
МЈ: Пиштење, вриштење, шо да ти кажам.
ГТ: А?
МЈ: Пиштење, вриштење ќе биде.
ГТ: Да, а? Ние, од 24, колку списокот го дале, 8 казни јаки паднале по 4.800 евра, 2 затварање. Кај овие откупувачите за непресметан персоналец при откуп и дуќани. Ама, овие ти шо ми ги спомињаш, 4 дуќана кај циганите у тоа турско маало, тој список никој не им го дава на нашите.
МЈ: Ама, не, не. Таму тие на лице место се, нема список.
ГТ: Па што на лице место, ама треба некој да им каже. Јас ги прашувам моите, бевте ли во тоа циганско маало, 4 пиљари што има, да ги видите, не бе вика, никој не нé однесе.
МЈ: Нека му се јавам на Славе, на овој координаторов нашиов. Да ти дадам број?
ГТ: Имам ја од Славе број.
МЈ: Јави му се, ќе ти каже.
ГТ: Да, да. Друго што сакав да те прашам. Нели ние во неделата кога беше митингот, кај Маријан бевме у контрола. Зоки бараше контрола.
МЈ: Да, да.
ГТ: Што се здавиле? Сега бидејќи истата екипа од Скопје им е таму, да појдат повторно кај него?
МЈ: Ај да зборнам со Зоки, да не направиме беља.
ГТ: Добро. Ја му звонам, оти сега по втор пат ако му најдеме неправилност, ќе треба пицеријата да му ја затвориме.
МЈ: Ај да зборам со Зоки.
ГТ: Да, ама стори ми абер за да не ги држам луѓето до сабајле таму.
МЈ: Не, нека појдат на овие….., доста му е.
ГТ: Ајде, ајд

3. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

С: Ало
МЈ: Гоцо, дај бе за таксиво малку ангажирај се. Сите комуњари у Центар тие ги носеле.
С: Ама сега како да се ангажирам за тоа. Ти викам, кажи ми
МЈ: Земи му ја лиценцата
С: Е шо, уште толку ќе ги изиритираме. Како да им ја земеме лиценцата.
МЈ: Друго, кажи ми која…Не, не, полека. Земи им лиценца да видиш која фирма е оснивач. Види во Централен регистер. Кој е човекот таму, најди го на име, да испитаме.
С: Ајде, ќе му најдам.
МЈ: Ќе го замолиме да му откажи во недела сабајле послушност и ќе се заглават со 500 гласа.
С: Добро.
МЈ: Ај.

4. Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Спиро Ристовски

СР: Како?
МЈ: Како лоциран проблем е
СР: Абе, оди фати таму во Струмица. Што си направил ти, тек си во Струмица бе?
МЈ: Сé е под контрола.
СР: Шо е под контрола. Мартин што ми се јавува, зошто се инсепкторите на терен. Координирајте се таму. Тие твоите од листа те цинкарат.
МЈ: Со кого да се координирам. Му ја е..в мајката на тој од Ново Село.
СР: Епа тој, на к…т ми се качи и на мене и на Мартин од сабајле.
МЈ: Екипа Пучаров криминал што има со нив.
СР: Епа сега, ако си ги штеди он криминалците, не е тоа мој проблем.
МЈ: Спиро, ај бе да ти кажам уште една работа. Ја спуштија зелката од 10 на 4 денари и утре сакаат да ни излезат на улица и да ни ја истурат зелката. Шо да правам?
СР: Ама, те разбирам бе брат. Ама, ти кажувам, нека не праќаат пораки, нека не досаѓаат кај Мартин и кај мене.
МЈ: Да им е..м мајката, шпиони.
МЈ: Тоа е идејата, ги притиснавме и утре нема да има штрајк, тоа е. Знаеш што направија? Зоки оди во откупен пункт, се фали, 10 денари, зелката не била никогаш 10 денари. Наредниот ден откупните пунктови се затворени, денот после тоа, на 4 денари ја спушта зелката. Што да му правам? Да ги чешлам?
СР: Убаво им праиш, ајде, терај.
МЈ: 100-те пензионери реши ми ги. Ајде, чао.
СР: Ајде, чао.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски