(ВИДЕО) Заев: ЕУ и НАТО ни се на дланка, од нас зависи

Од:

Сите држави, пријатели на Република Македонија, сакат да ја видат земјава просперитетна. Отворени се вратите за соработка со светот. Останува да ги спроведеме реформите од Планот 3-6-9. Перспективите ни се на дланка, од нас зависи, рече денеска премиерот Зоран Заев, информирајќи за престојот и активностите на владината делегација на 72. Генерално собрание на ОН во Њујорк.

На прес-конференцијата во Владата на која присуствуваше и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, Заев нагласи дека Македонија има подадена рака да продолжи по патот на прогресот.

– Македонските ероатлантски перспективи на сите средби беа во фокус на разговорите. Светот и честита на Македонија за мирната разврска на политичката криза и за поставувањето на државата на демократскиот пат. Имаме подадена рака да продолжиме на патот на прогресот, истакна Заев.

Премиерот информира дека во Њујорк остварил преку 30 средби со светски лидери, високи претставници на меѓународни организации, бизнисмени и претставници на македонската дијаспора. Токму дијаспората, напомена Заев, е подготвена директно да се вклучи, и материјално и со човечки ресурси, за што поголем и побрз развој на земјата.

– Светот ја препознава Република Македонија, како земја на развојот. Сите држави, пријатели на Република Македонија сакаат да ја видат нашата земја во друштво на стабилните, демократските и развиените држави. Земјите членки на ЕУ и НАТО и нашите соседи од регионот ги поздравуваат позитивните и демократските реформи, инклузивните политки и политиките на отворени врати што ги почна Владата во Македонија. Ја имаме потребната поддршка за остварувањето на нашите државни евроатлантски цели што ќе обезбедат достоиствен живот за гражаните на Република Македонија, нагласи Заев.

На економски план, дополни, голем број светски компании и држави ја гледаат Република Македонија како кредибилен партнер за соработка.

– Шансите за перспективи, за нови работни места за младите, за економски развој, за евроатлантска индина ни се на дланка. Од нас зависи. Ова се оценките со кои се вративме од Њујорк, јас како премиер и владината делегација што беше со мене, министрите за надворешни работи и за дијаспора, Никола Димитров и Едмонд Адеми, како и моите советници и соработници, рече премиерот.

Македонија излезе од длабока политичка криза со силна внатрешна политичка волја и голема поддршка од пријателите од светот, Македонија е пријател на соседите и цврсто определена да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО, Македонија прави темелни внатрешни промени за развој на демократијата и за економијата и очекува поддршка за реформите и напредокот во стратегиската определба за членство во ЕУ и НАТО, се клучните пораки што ги испратила македонска владина делегација во Њујорк.

– Испративме силна порака за искрена политичка волја за градење добрососедски односи и затворање на сите прашања што стојат како пречка за унапредување на односите. ОН се добар форум за решавање на дел од овие проблеми, но ангажманот мора да дојде и од самите држави коишто се засегнати од предизвиците. Испративме порака дека силно сме посветени на изградба на едно општество, дека се обединивме околу заедничките вредности на демократија, човекови права, слободни медиуми, независно судство. Во фокусот на нашите политики ги ставаме граѓаните и нивните потреби за вработување, поголеми примања, поквалитетен животен стандард и квалитетно здравство и образование, потенцира Заев.

Била искажана и позицијата дека Македонија е и останува на страната на мирот, но и партнер во акциите за стабилност против производството и употребата на нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување, за мирно решавање на конфликтите, како и за заштита на животната средина и заштита при природни катастрофи.

Владината делегација предводена од Заев имала средби со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, со претседателот на Генералното собрание на ОН Мирослав Лајчак, со комесарот на Европската комисија за добрососедски односи и проширување Јоханес Хан, со заменик помошникот на државниот секретар на Стеј Департментот, Брајан Хојт Ји, средби со премиерите на Белгија, Холандија, Норвешка, Малта, со министерот за надворешни работи на Германија Сигмар Габриел, со заменик премиерот на Виетнам, со висока делегација на Либералната интернационала.

– Имавме средби со три организации на дијаспората од Македонија: Македонија 2025, Обединета македонска дијаспора и Форумот за демократска Македонија. Разговаравме за начините како може да ги искористиме сите капацитети што ги имаме во државата и во дијаспората за квалитетен животот на граѓаните. Имаме најави дека дијаспората директно ќе се фклучи и со финансиски средства и со човечки потенцијал во развојните процеси на Македонија, информира премиерот.

Остварена била и посета на Google Jigsaw, а се реализирале и состаноци со бизнисмени заинтересирани за промените во Македонија и можностите за инвестирање и отворање нови работни места. Поставени се, оцени Заев, основи за натамошна соработка со оваа светски позната компанија.

Прмеиерот и министрите во рамки на 72. Генерално собрание на ОН во Њујорк учествувале и на повеќе настани на високо ниво, додека на маргините на посетата биле дел и од Глобалниот бизнис форум на Блумберг.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он