И Заев е повикан како сведок на судењето за обидот за убиство на Зијадин Села

Од:

Премиерот Зоран Заев ќе биде сведок на судењето за обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, дознава „Макфакс“. Предлогот дошол од еден од адвокатите на одбраната по дел од изјавите на Заев дадени во јавноста и медиумите за овој настан кој се случи на 27 април 2017 година во законодавниот дом. Адвокатите и судот ќе го испрашуваат Заев за тоа што точно видел во Собранието, а е поврзано со обидот за убиство на претседателот на Алијансата за Албанците. Судијката Славица Андреевска, која го води предметот, за месецов закажа 5 рочишта кои ќе се одржат на 10, 16, 18, 25 и 27 април.

На првото рочиште по празниците, во вторник, поканети да сведочат се претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски. Овие сведоци, покрај исказот, би требало да препознаат и дел од обвинетите кои го претепаа Села. Тие беа присутни во прес-салата каде што се случи крвавиот настан.

Пред кривичниот суд досега за крвавиот четврток во Собранието сведочеа неколку сведоци, меѓу кои и Села, а на последното рочиште новинарка препозна неколкумина од напаѓачите, посочувајќи ги директно во судницата. За овој случај обвинети се вкупно десетмина и тоа: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка