Заев: Добредојдовте во градот со вековна карневалска традиција

Од:

Градоначалникот на општина Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на главната интернационална карневалска вечер, организираше прием за гостите кои ја почитуваат долгата карневалска традиција на Струмица.

priemstrum (2)

Во домот на АРМ, во пријатна атмосфера во духот на карневалот, искрено добредојде, градоначалникот Заев им посака на претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, на претседателот на Федерацијата на европските градови, Фердинанд Ван дер Крон, на претставниците на збратимените градови со општина Струмица, претставници на карневалските групи од странство и на поддржувачите и пријателите на карневалот.

priemstrum (4)

Во обраќањето пред присутните градоначалникот Заев рече дека карневалот е гордост на Струмица и една од најголемите културни манифестации во Република Македонија.

priemstrum (5)

-Со вашето присуство ни давате голема чест за оваа вековна културна манифестација која што Струмица и струмичани ги негуваат пренесени од своите дедовци и татковци. Да ве потсетам, минатата година бевме прогласени за еден од 20-те најдобри карневали во светот. Се надевам ќе ви приредиме незаборавно задоволство со кое, само по добро, ќе се сеќавате на нашата Струмица. Со вашето присуство, пред нас, се претставивте како големи пријатели и ви посакувам да се чувствувате како дома, рече градоначалникот Заев.

priemstrum (6)

Домаќините и гостите на приемот си разменија пригодни подароци во знак на взаемна почит и долгогодишно пријателство.

priemstrum (7)

По приемот сите заедно заминаа на градскиот плоштад во Струмица за да бидат дел од најголемата забава под маски.

priemstrum (3)

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица