Заев до Ахмети: Доколку ДУИ условува кој ќе биде премиер на идната влада, нема да биде дел од неа

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил истакна дека доколу тие победат на следните избори, тој е кандидатот за премиер.

Заев кажа дека еднакво ќе се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што, вели го докажал низ неговите политики изминативе години.

„Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник.

Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат“, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев на својот фејсбук профил.

„Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните.

Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.

Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“, додаде Заев.

Претходно денеска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на годишнината од партијата, порача дека време е Македонија да го добие првиот премиер кој ќе биде Албанец.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите