Заев: Длабоко ме потресе веста за смртта на херојот Мите Ѓеоргиев

Од:

„Длабоко ме потресе веста за прераната смрт на големиот херој Мите Ѓоргиев кој водејќи храбра и пожртвувана битка ја изгуби битката за преживување. Името на Мите Ѓорѓиев ќе остане вечно во меморијата на Струмица и струмичани како голем човек кој го жртвуваше својот живот за доброто на својот град и своите сограѓани.

Од мое лично име, од името на Локалната самоуправа и од името на сите граѓани од Општина Струмица изразувам најдлабоко сочуство до неговото семејство со надеж дека споделената тага е помала тага. Нека жалат за големата загуба, но нека бидат горди што имаа голем херој во семејството“ , стои во писмената изјава на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по смртта на третата жртва од големиот пожар над Струмица, Митко Ѓоргиев.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски