Заев – Дивјак-Томиќ: Позитивна и конструктивна атмосфера од Србија за натамошна блиска соработка

Од:

Премиерот Зоран Заев, претпладнево се сретна со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија Душанка Дивјак – Томиќ, На средбата, како што соопшти владината прес-служба, заеднички е оценето дека постои искрено пријателство меѓу двете држави и постојат реални основи за продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји.

– Владата на Република Македонија е определена да развива доброседски односи и низ прокативната улога во регионалата соработка да придонесе кон евро-атлантските перспективи на целиот регион. Република Србија е традиционален пријател на Република Македонија и насочени сме само кон позитивни односи што ќе придонесат и во билатералните односи и на регионален план, рече премиерот Заев.

Српската амбасадорка Дивјак – Томиќ изрази благодарност за конструктивноста на премиерот Заев во унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Србија, за што се веќе договорени официјална посета на премиерот Заев на Србија, заеднички состанок на двете влади, конкретни чекори во областа на економијата, како и за неговите заложби, потврдени и во телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ, низ искрен и отворен пристап да се решаваат сите отворени прашања.

– Пренесувам позитивна и конструктивна атмосфера од Србија за натамошна блиска соработка. Исто така пренесувам и благодарност за поддршката од Владата на Македонија, седиштето на Транспортната заедница да биде во Белград. Тоа што генералниот секретар на Транспортната заедница е од Република Македонија е само потврда за определбата од двете страни, за негување и развивање на нашите пријателските односи, рече амбасадорката Дивјак – Томиќ.

На средбата е констатирано дека двете држави имаат интерес да ги следат европските тенденции во демократскиот и економскиот развој. Премиерот Заев објасни што прави новата Влада на тој пат, преку реформскиот План 3-6-9 којшто, економските модели за олеснувања на граѓаните, заедно со добрите односи со сите соседи што треба да и овозможи на Македонија исчекори во европските и НАТО аспирациите.

– Има причини Македонија да направи чекори напред во ЕУ и НАТО интеграциите и очекуваме тоа да се случи, рече премиерот Заев.

На средбата на претседателот на Владата, Заев и српската амбасадорка Дивјак – Томиќ е договорено да се направи рекапитулар на потпишаните, а досега нереализирани документи за соработка помеѓу двете држави и да се пристапи кон нивна скорешна имплементација.

Исто така се разговараше и за можноста за интензивирање на соработката меѓу на државите на општинско ниво, што може значително да придонесе во подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на двете земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска