(ВИДЕО) Заев: Диктатура нема да дозволиме

Од:

„Седум години Струмица и држи лекции на оваа ненародна власт како треба да се работи. Седум години се обидуваме нешто да ги научиме, но не успеваме на најважната лекција- демократијата“, порача вечерва пред струмичани, градоначалникот Зоран Заев.

Тој потсети дека цела влада се натпреварува само со една општина.

„Се што изградивме овде изградивме без еден денар кредит“, рече Заев.

„Сакам во мојата Македонија да има дебата и критичка мисла, да има фер шанса за сите и секој да има право за демократски живот, ние се бориме за поинаква, подобра Македонија. Во 21 век за слобода зборуваме“, рече Заев.

„Жими осумте градоначалнички години, јас не сум таков како што се обидуваат да ме оцрнат во нивните медиуми. Срцето ми е тука во центарот на Струмица па затоа го газат. Тие се плашат од Заев, не дека ќе јадам живи луѓе, не дека ќе пукам, тие се плашат од моите дела“, рече тој.

Го повика Грувески да се отрезни и да седне да разговара, а не да ја штити својата суета. Диктатура, рече Заев нема да дозоволиме. Ги повика граѓаните да се одважат и да излезат зашто рече, Македонија е во прашање.

„Ако ја изгубиме Македонија, се сме изгубиле. Се бориме за демократијата која е света работа, Ајде сите заедно да ја спасиме Македонија“, рече Заев во Струмица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО