Заев: ДИК да процени кога ќе има услови за избори

Од:

Доверлив Избирачки список и минимум услови за објективно известување во медиумите се неопходни за фер и регуларни избори во Македонија, а СДСМ е одлучна за доследно спроведување на Договорот од Пржино, стои во соопштението на СДСМ по средбата на лидерот на партијата Зоран Заев со амбасадорот на Кина, Зеншун Вен.

Тема на средбата била политичката партија во Македонија и продлабочување на односите на Македонија со Народна Република Кина.

-Сите политички субјекти во Македонија и претставниците на меѓународната заедница се свесни дека се пробиени законските рокови за клучни обврски од Договорот во Пржино, причистувањето на Избирачкиот список и регулација на медиумите. Очекуваме независната институција задолжена списокот, Државната изборна комисија во скоро време да излезе со проценка на роковите потребни за ефективно и квалитетно прочистување на Избирачкиот список, соопшти Заев.

Според СДСМ, Заев и Вен се согласиле дека во интерес на граѓаните и на иднината на Македонија е стабилизирање на ситуацијата во во земјава, а не продлабочување на политичката криза.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука